„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

СТОПАНСКАТА КОМОРА ОБЕЗБЕДУВА БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАНТСКА И ПРАВНА ПОМОШ ВО СРБИЈА

22.10.2024

Стопанската комора на Северна Македонија, врз основа на воспоставена соработка со адвокатска канцеларија од Белград, им нуди можност на македонските извозници и сите останати правни лица кои имаат деловни релации на српскиот пазар, бесплатно да добијат консултантски и правни услуги, правна поддршка, толкување на закони и правно советување на територијата на Република Србија.

Комората ги повикува сите компании кои се заинтересирани да ја користат оваа услуга, а кои се активни членки на Комората (кои ја имаат регулирано својата членарина за 2024 година), да се обратат во Стопанската комора.
Адвокатската канцеларија CVP Legal нуди правни совети, консултации на членките на Комората, а во врска со српската правна регулатива, вклучувајќи но не и ограничувајќи се на трговското, даночното, трудовото право, како и други релевантни области на правото, но и да ги застапува компаниите пред српските судови, институции и регулаторни тела, ако за тоа се јави потреба.
 

Лице за контакт во Комората: д-р Татјана Штерјова Душковска, 070/276-023