- Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција
- Граѓаните против корупцијата (ГПК)
- Е4Е@mk
- EEN
- Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни
- DIG-IN-KPI
- Проект: Г.ЕМ.С
- Проект "ГАЗЕЛИ"
- Проект: ФИТР
- Проект: TRAINEE
- Проект: InComSMEs
- УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива
- Реализирани проекти
Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција
Назив на проектот: Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција – Private Sector Regional Integration Support Activity
Времетраење на Проектот: од 30.6.2022 до 29.6.2025
Координатор и спроведувач на Проектот: Стопанска комора на Северна Македонија
Донатор: Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД
За зајакнување на извозните капацитети и на конкурентноста на извозно ориентираните компании, потребна е поддршка која ќе се обезбеди преку: интензивирање на регионалната деловна соработка и преку олеснување на трговските пречки, со цел искористување на можностите за македонската бизнис-заедница од заедничкиот регионален пазар и интернационализација на македонскиот бизнис-сектор. Основната цел на Проектот е да придонесе за зајакнување на конкурентноста на економијата на Северна Македонија, овозможувајќи им на локалните компании полесно да се поврзат во регионалните трговски текови, како и за зајакнување на нивните капацитети за справување со конкурентскиот притисок и со пазарните сили во регионот и во ЕУ.
Проектот се состои од две главни цели:
1. Цел: подобрување на регионалната и на меѓународната деловна соработка на македонските компании со пазарите на Западен Балкан и на ЕУ
За остварување на првата цел дефинирани се две активности:
- поттикнување на регионалната бизнис-соработка и на инвестициите;
- креирање алатки за јавно-приватен дијалог и промовирање на придобивките од регионалната економска соработка за македонската бизнис-заедница.
2. Цел: зголемување на конкурентноста на извозно ориентираните компании и интеграција во регионалните и во глобалните синџири на вредности
За остварување на втората цел дефинирани се четири активности:
- изработка на пазарна анализа за идентификување на извозните потенцијали на македонската економија;
- поддршка за македонските компании за интернационализација и за интеграција во регионалните и во глобалните синџири на снабдување;
- извозна промоција и видливост на македонските компании;
- формирање Институт за извоз и градење капацитети на Комората за развој на нови услуги за поддршка на извозните компании.
Граѓаните против корупцијата (ГПК)
Назив на проектот: Граѓаните против корупцијата (ГПК) - Citizens Against Corruption (CAC)
Времетраење на Проектот: од 03.4.2023 до 02.4.2028
Координатор и спроведувач на Проектот: Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) е дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка. Покрај СКСМ, партнери во програмата се Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија Социетас цивилис-Скопје (ИДСЦС), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).
Донатор: Програмата е финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД.
Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.
Комората е вклучена во делот на поттикнување култура на интегритет и корпоративна одговорност во приватниот сектор и ќе се залага за поголем ангажман меѓу јавните институции и приватниот сектор во спроведувањето на националната и меѓународната нормативна рамка против корупцијата.
Целокупниот програмски пристап се заснова на широка акција за подигање на свеста која ги обединува граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор. Пристапот на Програмата е:
• Застапување засновано на докази
• Кампања за реформи
• Колективна граѓанска акција против корупцијата
• Финансиска поддршка и менторство
• Медиумски објави за корупцијата
• Приватниот сектор ангажиран во јакнење на интегритетот
Програмата ќе се спроведува преку повеќе активности, организирани во следните компоненти:
Компонента 1: Подобрено знаење и свест на граѓаните за борбата против корупцијата и промовирање на доброто владеење и одговорноста
Компонента 2: Граѓанското општество игра активна улога во борбата против корупцијата
Компонента 3: Медиумите играат активна улога во откривањето и справувањето со корупцијата
Компонента 4: Приватниот сектор вклучен во борбата против корупцијата
E4E@MK
Назив на Проектот: „Образование за вработување во Македонија – Е4Е@mk“ (Education for Employment in Macedonia – E4E@mk)
Линк до FB страна: https://www.facebook.com/ObrazovanieZaVrabotuvanje/
Времетраење на Проектот: 10 години, прва фаза започната на 01.3.2018 година.
Проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементиран од Хелветас Македонија (Helvetas Macedonia), Стопанска комора на Македонија и Македонски центар за граѓанско образование.
Главна цел на проектот Е4Е@mk е да придонесе кон пристојно вработување на младите, со посебен акцент на ранливите групи, на социјално инклузивен и одржлив начин. Постигнувањето на зголемена вработеност ќе се постигне преку системски пристап кој се фокусира на пазарно-ориентирана понуда на неформални обуки за стручни вештини и формално стручно образование и обука (СОО), како и подобрена законска регулатива за формалното и неформалното СОО, како основа за зголемена можност за вработување мна младите лица.
Резултатите кон кои се насочени проектите активности имаат за цел да:
1. Се повеќе граѓани ги користат можностите на подобрената понуда на инклузивна неформална обука за стручни вештини;
2. Учениците стекнуваат формално стручно образование усогласено со потребите на пазарот преку соработка меѓу училиштата и работодавачите;
3. Подобрена регулатива овозможува подобри услови и пристап до пазарно-ориентирано формално и неформално стручно образование.
Во насока на подобрување на понудата на формалното и неформалното стручно образование и обука, проектот ќе ги поддржи системските промени во формалното и неформалното СОО преку зајакнување на партнерствата помеѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектори како и зајакнување на капацитетите на зајакнатите страни за успешен развој, имплементација и мониторинг на пазарно-ориентираниот систем на формално и неформално СОО, во согласност со ЕУ-регулативата, а ќе стимулира и промени во политиките и регулативите и правната рамка со цел поповолна правна рамка за системот на формално и неформално СОО во Македонија.
Фокус на проектот се 7 сектори избрани врз основа на анализа на потенцијалите за раст на истите, но и од аспект на нивна атрактивност и пристапност до целните групи. Секторите се категоризирани во два кластера и тоа:
I. Кластер на услуги:
• Здравство и социјални услуги;
• Угостителство;
• Лични услуги.
II. Кластер за технологија и производство:
• Земјоделие;
• Прехранбена технологија;
• Машинство;
• Информатичка технологија
Целна група: Главни корисници се млади жени и мажи од сите етнички групи, при премин од основно во средно образование или во преин од образование кон пазарот на труд, на возраст помеѓу 15 и 29 години, категоризирани во три подгрупи: млади, жени, Роми и лица со попреченост.
EEN
Проект „Европска мрежа на претприемништво на Северна Македонија – ЕЕНОМА“
(Enterprise Europe Network North Macedonia – EENOMA)
Времетраење на проектните активности: 1 јануари 2022 – 30 јуни 2025 година
Зголемувањето на капацитетите и на конкурентноста на компаниите е еден од приоритетите на Стопанската комора на Северна Македонија и во таа насока се реализираат активности поврзани со проектот Enterprise Europe Network (EEN), https://een.ec.europa.eu/, коj овозможува креирање алатки и услуги кои ќе ги поттикнат растот, иновативноста, извозните капацитети и конкурентноста на компаниите.
Проектот Enterprise Europe Network, https://een.ec.europa.eu/, ја претставува најголемата бизнис-мрежа во светот, која има цел да ги понуди сите форми на деловна поддршка за малите и средни компании на нивниот пат кон европските и кон третите пазари. Дејствува во повеќе од 60 земји во Европа и пошироко, вклучувајќи ги САД, Јапонија, Русија, Кина, како и земјите од Северна Африка и од Блискиот Исток, со повеќе од 600 вклучени партнерски организации и со 3000 искусни професионалци.
Можностите за македонските компании да најдат странски партнери преку европската мрежа на бизнис-можности Enterprise Europe Network (EEN) се огромни. Во просек, повеќе од 250.000 мали и средни компании годишно, на ниво на ЕЕН-мрежата, добиваат услуги од партнерските организации, при што просечно 52.000 мали и средни претпријатија добиваат совети од експертите во мрежата, во насока на унапредување на нивната иновативност, раст и интернационализација, додека, пак, повеќе од 20.000 претпријатија преку мрежата учествуваат на меѓународни настани, форуми и средби.
Проектот Enterprise Europe Networkод 2008 годинае финансиран од Европската комисија, а е поддржан од Програмата за единствен пазар (The Single Market Programme – SMP) и има цел да им помогне и на малите и на средните компании да ја зголемат својата конкурентност и одржливост, деловно да соработуваат со компании од ЕУ и пошироко, но и да ги искористат можностите што ги нуди европскиот пазар преку обезбедување бизнис-поддршка на извозно ориентираните компании за наоѓање потенцијални партнери за деловна соработка и за нивна интернационализација;прекуобезбедување поддршка за компаниите во креирањето и во промовирањето на нивните профили за бизнис-понуда и побарувачка, како и преку обезбедување информации добиени од компаниите за прашањата поврзани со ЕУ-регулативата и со прописите, како и со учеството на саеми, брокерски настани, на компаниски мисии, конференции и обуки и на панел-дискусии со физичко присуство или виртуелно; преку организирање локални, регионални и меѓународни настани и билатерални средби, како и преку посети на компаниите и преку поддршка во решавањето на нивните барања, прашања и приоритети.
Европските компании, исто така, нудат и бараат потенцијални партнери за деловна соработка со македонските компании и со другите компании од целиот свет. На пример, бараат агенти за продажба, дистрибутери, потенцијални партнери за заедничко вложување, за нудење франшиза и за слични бизнис-услуги. Но, зголемувањето на конкурентните предности на компаниите, пред сѐ, зависи и од нивните технолошки капацитети и од воведувањето нови, одржливи технологии и процеси кои ќе обезбедат производство на нови или на подобрени производи со додадена вредност, задоволувајќи ги пребирливите барања на компаниите од европските и од светските пазари.
Со поддршка на проектот Enterprise Europe Network, на едно место се обединуваат експерти од различни партнерски организации, познати по својата подготвеност за давање деловна и правна поддршка од организации и партнери во проектот, како што се стопанските и индустриските комори, универзитетите и истражувачките центри, институтите, организациите за регионален развој и агенциите за развој и иновации. Нејзините групи од експерти ги покриваат сите клучни економски сектори: од земјоделство, метална и електроиндустрија, градежништво и интелигентна енергија до туризам и текстил, како и пристап до финансии и до грантови за компаниите. Покрај тоа, оваа бизнис-мрежа им помога на компаниите да ја зголемат својата отпорност и да ги поддржат малите и средни компании во нивната транзиција кон поодржливи и кон дигитални деловни модели.
Стопанската комора на Северна Македонија во континуитет дејствува преку проектот Enterprise Europe Network – EEN, во конзорциум со уште две партнерски организации: Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување од Скопје, под името „Европска мрежа на претприемништво на Северна Македонија – ЕЕНОМА“ (Enterprise Europe Network North Macedonia – EENOMA),https://www.een.mk, и нуди деловни и советодавни услуги, како и други потребни услуги за побрз пристап до информациите кои можат да ги користат и македонските компании, а со цел подигнување на нивната конкурентност и иновативност.
Ангажирани лица од Стопанската комора на Северна Македонија за Проектот
„Европска мрежа на претприемништво на Северна Македонија – ЕЕНОМА“
(Enterprise Europe Network North Macedonia – EENOMA)
м-р Ирена Мојсовска,
Проектен координатор за Комора
- Одговорно лице за комуникација во рамките на македонскиот конзорцуим, и други ЕУ и глобални партнерски и странски организации Телефон: +389(02)3244-009
|
Емилија Тодоровска,
Бизнис-советник
Телефон: +389(02)3244-047
|
м-р Мартин Стрезоски,
Бизнис и правен советник
Телефон: +389(02)3244-018
|
м-р Калина Миљоска,
Бизнис и правен советник
Телефон: +389(02)3244-002
|
Влатко Стојановски
Бизнис-советник
Телефон: +389(02)3244-004
|
Кристина Кузеска
Бизнис-советник
Телефон:+ 389(02)3244-019
|
Стево Серафимов
ИТ-советник
Телефон: +389(02)3244-032
|
Проект „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни”
Назив на Проектот: ЕУ проект „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни”– “Sustainable EnErgy Skills in construction: Visible, Validated, Valuable”– (SEEtheSkills)
Времетраење на Проектот: 36 месеци од 01.06.2021 година до 31.05.2024 година
Координатор на Проектот : Стопанска комора на Северна Македонија
Партнери во Проектот:
- Од С. Македонија: Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методија“ – Скопје и Здружение за бизнис и консултанти „Креација“;
- Од Шпанија: WITS INSTITUTE SL (BIM Academy)- БИМ Академија од Шпанија и Institut de Tecnologia de la Construcció de Catalunya – IteC од Шпанија - Институт за технологија во градежништвото на Каталонија;
- Од Словенија: University of Ljubljana - UL- Универзитетот на Љубљана, Словенија и Chamber of commerce and industry of Slovenia- CCIS- Трговско-индустриска комора на Словенија;
- Од Словачка: Slovak University of Technology in Bratislava-STUBA-Словачки технолошки универзитет во Братислава и Slovak chamber of Civil engineers - SKSI - Словачка комора на градежни инженери и I
- Од Холандија: SSO-Stichting-Netherlands Building Research Institute (or Dutch Knowledge Centre) - Холандски центар за знаење.
Со цел стимулирање на побарувачката на претходно развиени, нови или надградени енергетско ефикасни вештини, а притоа користејќи нов 3В пристап (видливост, валидација, вредност) во градежниот сектор врз основа на претходно стекнатите искуства на пет земји: Северна Македонија, Шпанија, Словенија, Словачка и Холандија од 1 јуни 2021 година започна со реализација Проектот „Одржливи енергетски вештини во градежништвото: видливи, валидирани, вредни”– (SEEtheSkills). Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020 работната програма на тема: „Стимулирање на побарувачката за енергетско ефикасни вештини во градежништвото” под повикот за „Градење на иднина со ниско ниво на јаглерод и климатски безбедна, чиста и ефикасна енергија 2018-2019-2020”.
Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел креирање на нови алатки за надградба на веќе стекнатите вештини за енергетска ефикасност на постојните и идни кадри во градежната индустрија.
Проектот „SEEtheSkills” ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните три реализирани проекта од страна на Стопанската комора на С. Македонија како што беше „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење (ТРАИНЕЕ) 2018-2020“ каде се сертифицираа 369 градежни професионалци, за 9 различни занимања: преку процесот на Препознавање на претходни знаења и вештини, потоа Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби.
Целта на проектот е да се постигне поголема видливост, пристап и препознавање на енергетските вештини меѓу партнерските земји, преку нивно вкрстено валидирање засновано врз резултатите од учењето, а притоа користејќи нов 3В пристап за директно стимулирање на побарувачката за енергетски вештини од градежниот сектор на пазарот.
3В пристапот се однесува на:
- ВИДЛИВОСТ на вештините преку создавање на електронски регистар т.е. Интегрирано подрачје на SEEtheSkills за да ги направи вештините видливи и достапни на меѓурегионално и интернационално ниво;
- ВАЛИДАЦИЈА на енергетските вештини во градежниот сектор за управување со знаење и вештини преку пренесување и реплицирање на шеми за обука помеѓу партнерите во проектот, што ќе доведе до подигнување на
- ВРЕДНОСТА на вештините и нивната побарувачка на пазарот, иницирана преку придобивките од користењето на енергетски вештини за постигнување што поголема одржливост на градежништвото.
Преку спроведување на проектните активности ќе се постигнат специфични цели:
- Подготовка на меѓурегионално истражување (Статус кво на постојните мерки за енергетска ефикасност во градби) за постојните мерки за енергетска ефикасност во градби во различните земји-партнери. Ќе се идентификуваат вештините дефинирани во претходната фаза како приоритетни во националните патокази, развиените шеми за обука и обучени работници и професионалци, со цел да ги надградат базите на податоци при имплементацијата на 3В пристапот. По идентификување на Статус кво на постојните мерки за енергетска ефикасност во градби ќе се креира меѓурегионална стратегија за соработка, размена на добра практика и взаемно признавање врз основа на наодите од истражувањето на ЕУ за усогласување на пристапите за обука;
- Видливост на енергетските вештини ќе се постигне преку создавање на електронски интегриран регистар за енергетски вештини составен од 3 бази на податоци: шеми за обука, Професионален регистар и Каталог на материјали за користење на енергетска ефикасност во градби, со подрегистар на компании кои произведуваат материјали за енергетска ефикасност во градби и вработување на квалификувани работници. Преку регистарот ќе се овозможи развој на соодветно пилот дигитално решение за депонирање на собрани податоци со можност за филтрирање според различни критериуми, размена на искуства и шеми за обука помеѓу партнерите, пренесување и реплицирање на шеми за обука, како и овозможување на е-учење на развиени / постојни шеми за обука со цел нивна репликација;
- Развој на алатки за заедничко препознавање на вештините (валидација). Oвој процес ќе се овозможи преку израмнување и управување со вештини и знаења, како на лично така и на ниво на организациски единици, со цел да се подобри видливоста, мобилноста, професионалниот развој, вработливоста и препознавањето на пазарот на градежните работници и професионалци, израмнување на вештините и нивно поврзување со националните и стандардите за квалификација на ЕУ врз основа на резултатите од учењето. Ова ќе се олесни преку развивање на различни операции во регистарот (дефинирани процедури и минимални барања за препознавање на вештини, алатки за микроучење, гемификација и методологија за пренесување на РПЛ како алатка за вештини и сертифицирање на професионалци, заедно со иновативната алатка е-РПЛ.
- Стимулативни активности за подигнување на свесноста за вредноста на енергетските вештини во градби. Сето ова погоре споменато ќе се имплементира преку 3В пилот процесот. Бенефитите од користење на енергетската вештини во градби ќе се промовираат преку различни средства како: он-лине анкета, кампања за собирање на идеи, организирани настани и тркалезни маси, интернет алатка за сопствениците, студии на случаи за намалување на јазот базиран на БИМ-алатки и апликација за пронаоѓање на квалификувани професионалци.
DIG-IN-KPI
Назив на Проектот: Дигиталната трансформација се пробива кон бизнисите – развој на клучни индикатори за перформанси за зголемување на продуктивноста на секторот – DIG-IN-KPI
Времетраење на Проектот: 01.11.2022 година до 01.03.2024 година
Партнери во проектот:
- Стопанска комора на Северна Македонија
- Стопанска комора на Хрватска (Gospodarska Komora Hrvatske)
- Трговска и индустриска комора на Словенија (Gospodarske zbornice Slovenije)
Проектот има за цел утврдување на заедничките индикатори за обемот и нивото на дигитализација на градежните компании, градење на капацитетите на здруженијата за градежништво при коморите партнери во проектот и поттикнување на дигиталната трансформација во градежништвото согласно со технолошките трендови на Градежништво 4.0.
Во рамки на Проектот предвидено е да се изработи бесплатна онлајн алатка за приказ на степенот на дигитализација на градежните компании во трите земји, по принципот на sамооценување. Проектот е поддржан од страна на Европската комисија во рамки на Еразмус+ програмата и се очекува да испорача наоди и предлог сет индикатори за дигитализација, кои би им послужиле на градежните компании, образовните институции, но и на надлежните институции во процесот на издавање на градежни дозволи.
Резултатите кои ќе се испорачаат во рамки на Проектот се се очекува да придонесат за зголемување на продуктивноста на градежниот сектор и подигнување на просечната додадена вредност по вработени во домашните градежни компании на нивото на просекот на Европската Унија.
Активностите дефинирани во DIG-IN-KPI Проектот се насочени кон:
- Утврдување на критериуми за процена на степенот на дигитализација на градежништвото;
- Реализција на интервјуа со компании и други засегнати страни (стручни училишта надлежни институции) во контекст на исполнување утврдените критериуми за процена на степенот на дигитализација;
- Остварување соработка со средните стручни училишта и надлежните институции со цел доследна реализација на проектните активности и согледување на капацитетот и подготвеноста на училиштата и институциите за дигитализација на градежништвото;
- Индентификување на клучните индикатори за степенот на дигитални перформанси на градежните компании со посебен фокус на компании во доменот на изведбта на градежни проекти;
- Идентификување на клучните индикатори за степенот на дигитализација на градежните компании преку согледување на употребата на современи дигитални алатки како што е информациското моделирање на градби (БИМ) во секојдневното работење и подготвеноста за нивна примена во иднина;
- Дисеминација на остварените резултати и придобивки од проектот на национално и регионално ниво преку меѓународните организации/ асоцијации каде членуваат коморите партнери во проектот
- Развивање на веб апликација за мерење на степенот на дигитализација на градежните компании.
Проект: Г.ЕМ.С
Назив на Проектот: Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации (Г.Е.М.С.) ИНТЕРРЕГ ИПА програма за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија 2014 - 2020 г.
Времетраење на Проектот: 06.09.2022 година до 15.12.2023 година
Имплементатор на Проектот: Стопанска комора на Северна Македонија - Регионална комора со седиште во Битола
Партнери во проектот:
- Универзитетот на Западна Македонија од Кожани, Р.Грција
- Центарот за истражување и технологија Хелас (ЦЕРТХ), Р.Грција и Институтот за хемиски процеси и енергетски ресурси (ЦПЕРИ), Р.Грција
- Бизнис Академија Смилевски (БАС)
Регионалната комора со седиште во Битола, во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, со своите планирани активности продолжува со поврзување со партнерите од пограничните региони, преку повеќе проектни активности. Една клучна активност од таков вид е и отпочнувањето на проектот: Стимулирање на зелени вработувања: Клучни точки за прекугранични образовни и технолошки иновации (Г.Е.М.С.) кој има за цел да им помогне на регионите учесници, да се придвижат - од сегашниот низок економски „кафеав“ пристап (со низок квалитет на работните места, ниско ниво на заштита на животната средина, несоодветни ниски вештини), кон „високо“ одржлива зелена економија (соодветни вештини на високо ниво, висока продуктивност, високо ниво на заштита на животната средина).
Проектот е финансиран од страна на ЕУ ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија 2014 - 2020 г. и во него како концорзиум на партнери се следните организации:
Универзитетот на Западна Македонија од Кожани, Р.Грција ќе делува како водечки партнер. Се состои од седум факултети и 23 катедри. Центарот за истражување и технологија Хелас (ЦЕРТХ) и во негови рамки Институтот за хемиски процеси и енергетски ресурси(ЦПЕРИ) е еден од водечките истражувачки центри во Р. Грција. Се наоѓа меѓу ТОП-20 истражувачки институции на ЕУ. Бизнис Академија Смилевски (БАС) е високообразовна институција со акредитирана програма за професионални студии по бизнис и стратешки менаџмент и како партнер од деловната средина е Стопанска комора на Северна Македонија -Регионалната комора со седиште во Битола која ќе ги претставува интересите за зелена економија и зелена енергија на компаниите од пелагонискиот регион.
Во овој 15 месечен период до крајот на 2023 година проектот ќе се фокусира на успешното реализирање и на широка дисеминација на неговите резултати, ќе ги подобри можностите за вработување на образованите дипломци, обучувајќи ги за најсовремени зелени технологии. Ќе се користат комбинирани, иновативни образовни пристапи и методи на работа, како што се работилници, фокус групи, техника на “world café”, “fishbowl” дискусии и “jigsaw” групна работа - за да се поттикнат учесниците критички да размислуваат и да дојдат до креативни решенија на вистинскитепроблеми. Уште повеќе, сите учесници ќе бидат обучени за користење на едукативни софтверски алатки со цел да се комбинираат теоријата и симулациската работа. Исто така ќе ги снабди учесниците со соодветни алатки за да спроведат целосна евалуација на технологиите што се ќе проучуваат. Поконкретно, учесниците ќе ги истражуваат успешните студии на случај за циркуларна економија, ќе ги идентификуваат технолошките иновации, земајќи ги предвид социо-економските фактори. Во двата региони-учесници, ќе се создадат иновациски и технолошки центри, поврзани со концептите на зелена енергија и циркуларна економија. Овие средишта ќе служат и како работни прототипови, демонстрирајќи ја изводливоста на проучуваните зелени технологии. Резултатите и научените практики од овој проект ќе делуваат како средство за придвижување на прекуграничниот регион кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод со надеж дека ќе ги подобри и можностите за вработување. Во капацитетите во двата региони, ќе се креира информативен центар, за да се подобрат способностите на вмрежување и поврзаност помеѓу партнерите во конзорциумот. Со цел да се совпаднат потребите на потенцијалните работодавачи со учесниците (студентите), ќе се креира база на податоци за потенцијалните работодавачи во прекуграничните региони, преку мапирање на активните економски субјекти, и со цел социјалните и комерцијалните партнери да се приклучати да го почнат процесот на прилагодување од класичен во зелен систем за производство на енергија.
Во овој период на економски и енергетски предизвици размената на знаење и развивање на нови технолошки процеси и деловни практики е од особено значење за поддршката на деловните субјекти во регионот и на тоа се се придава особена важност во активностите на Комората.
Активности/Работни пакети(WP):
WP1-WP2 се фокусирани на успешното управување со проектот и на широка дисеминација на неговите резултати: - локална регистрација, екипирање на проектен тим, примарна селекција на компании учесници
WP3 („Обезбедување на алатки“) ќе ги подобри можностите за вработување на најмалку 100 образовани дипломци, обучувајќи ги за најсовремени зелени технологии: - набавка на ИТ опрема за D3.4.4 и D5.4.3 под реф.бр. 39-40/1-1/22 од 7.12 до 23.12.2022 -
WP4 („Остварување на иднина на зелена економија“) ќе ги снабди учесниците со соодветни алатки за да спроведат целосна евалуација на технологиите што се проучуваат и комапниите учеснички ке достават податоци за SWOT,PEST и PESTLE анализите, кои ќе бидат клучни алатки кои ќе им помогнат на учесниците да развијат целосна свест за сите фактори кои влијаат врз донесување на деловна одлука: - надворешни услуги за развој и/или редизајн на внатрешен систем за позиционирање на работни места за D4.4.4
WP5 („Создавање зелено вработување“) во двата региони-учесници, ќе создаде иновациски и технолошки клучни и информативни точки (по едно во БАС и РК Битола), поврзани со концептите на зелена енергија и циркуларна економија. Покрај тоа, на најмалку 15 компании од пелагонискиот регион ќе им се обезбедат развиени апликации за аплицирање во потенцијални фондови (ФИТР, ИПАРД итн...)
Проект "ГАЗЕЛИ"
Наслов на проектот: Организирање активности за брз раст на потенцијалните иновативни мали и средни претпријатија - "Газели" - (Балкан Мед програма)
Скратено име на пректот: "Газели"
Project Title: Organizing acceleration for high-potential innovative SME’s
Project acronym: “Gazelle”
Времетраење на проектот: 25-06-2019 - 24-06-2022
Приоритет: Поддршка на иновативните брзо растечки мали и средни претпријатија да растат на регионалните, националните и меѓународните пазари
"ГАЗЕЛИ" се иновативни компании кои се карактеризираат со брзо темпо на раст што значително придонесуваат во создавањето на нови работни места. Во развиените институционални средини, инвеститорите на бизнис ангелите се примарни двигатели во иновативните фирми. Воведување на практичен пристап што тие го нудат, покрај капиталот, важни се: знаењето, експертизата и вмрежувањето на фирмите, што е клучoт за да го иновираат својот бизнис модел и да го најдат патот до меѓународните пазари. Сепак, пазарот на ангелски инвеститори, универзитетите и истражувачките центри, во Балкан Мед програмата сe уште се во рана фаза на развој кај малите и средните претпријатија (МСП).
Проектот "Газели" има за цел да развие и тестира кохерентна рамка за забрзување за "ГАЗЕЛИ" - иновативни компании, со цел да ги направи побрзи и поконкуретни на пазарот.
Проектот "Газели" планира да спроведе заеднички одржливи мерки со цел да создаде динамичен екосистем за иновативни МСП. Рамката за соработка на Балкан Мед програмата е идеална за зајакнување на соработката меѓу заинтересираните партнери кои покажуваат докажано искуство и активности кон воспоставување и зајакнување на мрежите на бизнис ангели (BANs) и трансфер на технологија. Ова е неопходно поради фактот што овие активности се во рана фаза на развој и се доста распространети низ целата територија на Балканот.
Општата цел на проектот е да се зајакнат организациите кои можат да го поддржат создавањето и валоризацијата на мрежите за бизнис ангели. Со цел да се развие интегрирано решение и да се препознае важноста на надворешното знаење и експертиза за вклучување во иновативните процеси, проектот исто така ќе ги зајакне стратегиите за трансфер на технологија преку директно олеснување на врската помеѓу универзитетите и иновативните мали и средни претпријатија.
Партнерите вклучени во овој проект ќе ги промовираат и поддржат мерките во рамките на Балканската мрежа на бизнис ангели меѓу земјите-учеснички и регионите, со тоа што ќе ги оценуваат постоечките политики во областа БАЛКАН МЕД програмата за поддршка на иновативните МСП со можност за вмрежување на локално, европско и меѓународно ниво.
Активностите, методите и алатките што треба да се развиваат ќе допринесат во:
• Подигнување на свеста за бизнис ангели во БАЛКАН МЕД програмата, со цел да се развие овој пазар;
• Aлатки за тестирање и методи за поддршка на иновативни МСП;
• Спроведување на пилот стратешки план за создавање на "ГАЗЕЛИ" иновативни компании;
и Воспоставување на Балканска мрежа за поддршка на бизнис ангелите.
Вкупно 4 програми за забрзување наменети за потенцијалните иновативни МСП ќе се одвиваат во сите четири земји Грција, Кипар, Бугарија и Македонија, организирани од страна на 4-те Центри за поддршка на МСП. Иако програмите ќе бидат лоцирани во горенаведените области, учесниците од МСП ќе можат да доаѓаат од било кој регион во соодветните земји.
Во рамките на програмата за забрзување, треба да бидат разработени голем број на договори за трансфер на технологии за избраните МСП.
Трансферот на технологија ќе се одвива на транснационално ниво, секој учесник на МСП може да има корист од универзитетите кои ќе учествуваат (на пример, една грчко МСП може да има корист од договорот за трансфер на технологија со услугите што ги дава Универзитетот од Кипар).
Подготвувајќи ги двете иновативни МСП и бизнис ангели, партнерите на проектот, ќе организираат четири меѓународни инвестициски форуми (во Атина, Никозија, Русе и Скопје). За време на овие инвестициски форуми, иновативните МСП ќе имаат можност да привлечат инвеститори, бизнис ангели, како и да бараат партнери (други иновативни МСП или универзитети) за да го поттикнат создавањето на динамичен екосистем кој создава мрежа на повеќе чинители, газели, бизнис ангели, инвеститори и универзитети.
Вклучување надвор од програмската област
Со цел да се стекнат искуства од институциите кои успешно го практикуваат инвестирањето на бизнис ангелите и трансферот на технологијата, две студиски посети треба да се спроведат надвор од Балкан Мед областа. Една студиска посета е поврзана со мрежите за бизнис ангели, а другата студиска посета е поврзана со трансфер на технологија. Партнерството веќе идентификуваше најдобри практики, како на пример: Страшхег Центарот за претприемништво (Германија), IESE BAN (Шпанија), Париз бизнис ангели (Франција), Софија Антиполис Бизнис ангели (Франција), Лондон БАН (Обединетото Кралство), Институт Вајсман (Израел) и Технички универзитет во Минхен (Германија).
Водечки партнер и партнери во проектот
Водечки партнер на проектот е Атинската стопанска и индустриска комора (ACCI), најголемата во Грција со повеќе од 82.000 претпријатија (главно мали и средни претпријатија).
Атинската стопанска и индустриска комора има докажан капацитет за успешно водење и имплементирање на бројни ЕУ проекти за поддршка на бизнисот кај МСП.
Проект партнер бр |
Партнерска институција (целосно име) |
Земја |
Водечки партнер (LP1) |
Стопанска и индустриска комора на Атина |
Грција |
P2 |
Универзитет во Атина, Центар за финансиски студии |
Грција |
P3 |
EEN-Entreprise Greece Entreprise Грција |
Грција |
P4 |
Стопанска комора на Македонија |
Македонија |
P5 |
Кипарскиот универзитет за технологија |
Кипар |
P6 |
Трговско-индустриска комора Русе |
Бугарија |
Проект: ФИТР
Назив на Проектот: „Зголемување на извозната конкурентност на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор преку подобрување на производните и технолошките способности на извосно ориентираните МСП“ - ФИТР.
Времетраење на Проектот: 2 години (15.02.2019 – 15.02.2021 година)
Координатор на Проектот: Стопанската комора на Македонија
Донатор: Фондот за иновации и технолошки развој, преку Инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за технолошка екстензија
Истражувањата покажаа дека индустриската и извозната структура на металопреработувачкиот, електро и машинскиот сектор како индустриски гранки со силен развоен потенцијал за македонската економија и фокус сектори во рамките на предложениот проект е ниско диверзифициранa (мал број на извозни производи), при што, нивото на продуктивност и извозна софистицираност е неповолна (во постоечката структура доминантно учество имаат производни со ниска додадена вредност и мала комплексност).
Проектот се состои од 2 Фази:
Фаза 1 – Диjагностика и План за подобрување
Фаза 2 – Имплементација на План за подобрување
Фаза 1 – Диjагностика и План за подобрување:
- Развој на методологија за идентификација на можностите за диверзификација на извозот преку технолошки подобрувања;
- Спроведува емпириско истражување поврзано со диверзификација на извозот на анализираните сектори на ниво на производи;
- Развој на методологија за длабинско скенирање и мапирање на технологијата на избраните МСП;
- Создавање на план за технолошки подобрувања за избраните МСП.
Фаза 2 – Имплементација на План за подобрување:
- Изработка на детална техничка спецификација во согласност со планот за подобрување за секоја одделна избрана компанија;
- Спроведување на тендерска постапка за набавка и инсталирање на нова технологија;
- Развој на нов бизнис модел во согласност со новата стратегија на секоја избрана компанија;
- Спроведување на истражување на пазарот и креирање на нова маркетинг стратегија за електрометаличката индустрија.
Крајните корисници ќе бидат утврдени во согласност со резултатите од 666извршената дијагностика во фаза1 од предложените компании.
Проект: TRAINEE
Назив на Проектот: ЕУ Проект: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ - Траинее
(Toward market-based skills for sustainable energy efficient construction-TRAINEE)
Времетраење на Проектот: од 01.5.2018 година до 31.10.2020 година.
Координатор на Проектот: Стопанска комора на Македонија
Партнери во Проектот: Здружението за бизнис и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Јавната установа Центар за образование на возрасните Скопје (ЦОВ), Инженерската институција на Македонија (ИИМ), и WITS INSTITUTE SL (BIM Academy) Академијата БИМ од Шпанија.
Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите од 1 мај 2018 година започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE). Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017).
Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на проектот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност.
Во таа смисла, Проектот „ TRAINEE“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два реализирани проекта од страна на Стопанската комора на Македонија како што беше Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби.
Во Проектот кој се спроведува „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), е со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, што ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на „БИМ“-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на „БИМ“-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.
Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење на квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби.
Областите каде се очекува Проектот да има влијание се групирани во 2 групи:
-креирање политики за одржливо градење: предлози за интервенции во законодавството со поттикнување на примена на Правилникот за енергетски карактеристики на градби, предлог-методологија за препознавање на претходно учење, предлог-патоказ за воведување на „БИМ“ (алатки за информациско моделирање на градби) на национално ниво. Овие проектни резултати како директни корисници ги имаат министерствата за економија и за образование и наука. Бројот на индиректни корисници може да достигне и до 100.000 сопственици на станови кои се предмет на издавање (а кои треба да ги следат одредбите од споменатиот Правилник за енергетски карактеристики на градби), како и околу 5000 нови сопственици на станови, колку што е бројот на новоизградени станови годишно. Вреди да се вбројат и околу 1000 невработени лица годишно кои може да се вклучат во програмите за преквалификација на националната агенција за вработување.
Втора група каде се очекува Проектот да има влијание е градењето капацитети и вештини во насока на градење технички вештини, како и влијанието на пазарот.
Градењето капацитети на техничките вештини се однесува на подготовка на иновативни шеми за обука и стекнување квалификации преку неформалното образование, со што како потенцијални корисници би биле опфатени: 200 градежни компании, 100 провајдери на неформално образование, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност).
Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар на знаење, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на проектот, за што ќе биде изготвен и бизнис-план за истиот.
Контакт лице: Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015
ПРОЕКТ: InComSMEs
Координатор на проектот:
- Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје (Машински факултет/ Катедра за индустриско инженерство и менаџмент)
- Партнери:
- Стопанска комора на Македонија - Совет на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија
- Технолошки Универзитет во Виена- Институт за менаџмент, Австрија
Времетраење:
2 години (декември, 2017 – декември, 2019 година)
Главна цел:
Главната цел е подобрување на изведбата на одредени компании во Република Македонија со цел да бидат поконкурентни и да бидат способни подобро да соработуваат со странските директни инвестиции (но исто така и со други странски компании).
Очекувани исходи:
- Обука на вработените во 10-15 компании со врвни пристапи кон менаџментот
- Индустриските проекти во 5 компании треба да претставуваат мост меѓу СДИ и домашните компании што ќе резултира со потесна соработка
Листа на активности
I. Анализа и одредување на потебите на СДИ кон домашните МСП
I.1 Подготвителна активност (дефинирање на СДИ и домашни МСП и создавање методологија за да се добијат потребните податоци)
I.1 Подготвителна активност (дефинирање на СДИ и домашни МСП и создавање методологија за да се добијат потребните податоци)
I.2 Организирање на округла маса со СДИ
I.3 Спроведување истражување со СДИ
I.4 Собирање податоци од истражувањето, анализа, проверка и изготвување извештај со дефинирани одредници
II. Промоција на проектот и зголемување на свесноста
II.1 Подготвителна активност (одредување на домашни МСП што ќе бидат поканети)
II.2 Дистрибуција на извештајот од истражувањето
II.3 Промотивна конференција со ПСФИД
III. Скенирање, анализа и одредување на недостатоците
III.1 Подготвителна активност (знаење и вештини за скенирање одредени области)
III.2 Дефинирање на ПСФДИ- ЛЛ
III.3 Скенирање и анализа на избраните ПСФДИ-ЛЛ
III.4 Дефинирање на недостатоците во изведбата
IV. Обука на персоналот во избраните домашни МСП во идентификуваните области
IV.1 Подготвителна активност (изготвување материјали за обуката)
IV.1 Подготвителна активност (изготвување материјали за обуката)
IV.2 Обука на персоналот во избраните домашни МСП
V. Спроведување на стекнатото знаење во индустриските проекти
V.1 Подготвителна активност (изготвување методологија за избор на најпосветени ПСФДИ- ПСФДИ- ЛЛ, занење, вештин и методологија за спроведување на индустриски проекти во ПСФДИ- СЛ)
V.2 Дефинирање на ПСФДИ- СЛ
V.3 Развој на конкретни индустриски проекти по мерка во ПСФДИ
VI. Обезбедување одржливост на проектот
VI.1 Подготвителна активност (анализа на искуствата од сличните центри-LCQP)
VI.2 Одредување на институција за одржување на LCQP
VI.3 Воспоставување на LCQP
VII. Ширење на знаењето, искуствата и резултатите
VII.1 Подготвителна активност (за VII.2 и VII.3)
VII.2 Организирање на завршна конференција
VII.3 Објавување на книга со студии на случај
Зошто овој проект ќе биде различен од претходните слични активности/ специфични карактеристики на проектот:
- Различна клима во земјата
Има нов систем за поттик за СДИ, заснован директно на нивото на соработка со домашните компании
- Активно учество на СДИ во секоја фаза од проектот (со финансиски надомест за вложениот труд)
Нивните претставници треба да учествуваат во фазите на одлучување на барањата кон домашните компании, избор на квалификуваните домашни компании за соработа, лоцирање на недостатоците што ја оневозможуваат соработката, обука на домашните компании, практични индустриски проекти што треба да ги елиминираат недостатоците, итн.
- Финансиска поддршка за вработување во домашните компании
Се предвидува едно лице во крајните 5 компании да биде финансиски поддржано со цел да се ослободат домашните компании од дополнителниот финансиски товар за спроведување на проектот.
- Акумулирано искуство на оваа тема
Има неколку успешни приказни што може да служат како основа за негувањена ваквиот вид активности.
- Овој проект главно ќе се фокусира на технички именаџерски проблеми во компаниите
Продуктивноста, квалитето, трошоците итн. ќе бидат главните области на кои ќе се посвети вниманието.
Предвидени ризици:
Ризици на проектот |
Предвидени одговори |
Мал интерес на СДИ како клучни чинители во проектот, поради |
|
-Фиксна набавка на корпортативно ниво |
Ова е долгорочна активност што може да се започне во рамките на овој проект, но не може да се заврши- имајќи ја предвид временската рамка на проектот |
-Претхдно лошо искуство во соработката со домашни компании |
- Поинаква клима во земјата - Активно учество на СДИ во секоја фаза од проектот (со финансиски надомест за вложениот труд) - Акумулирано искуство на оваа тема - Создавање на група на „пријатели на проектот“- успешните приказни од ЕВН, ВХ и АМ може да бидат од огромна помош |
-Мал интерес на домашните компании поради сериозните напори што треба да се вложат за да се премостат разликите со СДИ |
Финансиска поддршка за вработување во домашните компании |
-Кратка листа на можни домашни компании што можат да бидат добавувачи за сди |
Предвидено е учество на ЕСМ/ССИ како катализатор за овој проблем |
-Времетраење на проектот |
Фазата на селекција може да игра клучна улога во проектот-мора да ги лоцираме и да се фокусираме на активностите што се во почетна фаза на соработка. |
Контакт лице: Ирена Мојсовска
Телефон: ++ 389 2 3244009
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: [email protected]
Контакт центар: (02) 15015
USAID - Партнерство за подобра бизнис регулатива
https://www.biznisregulativa.mk
Назив на проектот: Проект на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива
Времетраење на проектот: Октомври 2016 – Септември 2020
Главен имплементациски партнер: ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал
e-маил: [email protected]
мобилен: +38970245798
телефон: +389 2 3233 753
Имплементациски партнери:
Стопанска комора на Македонија;
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ;
Стопанска комора на Северозападна Македонија
Цели на проектот:
• Цел 1: Микро и малите бизниси од Македонија да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања
• Цел 2. Бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата
Краткорочно влијание:
• Подобрени капацитети на внатрешните и надворешните правни и финансиски советници
• Подобрување на размената и пристапот до информации
Долгорочно влијание:
• Зголемена финансиска и правна усогласеност на МСПа-та со регулативата
• Подобрена бизнис регулатива како резултат на предлозите на приватниот сектор
• Севкупно економско влијание
Главни бизнис сектори: Земјоделие, Текстил, Градежништво, ИТ, туризам
Корисници:
• Старт-ап компании
• Постоечки компании, идентификувани и селектирани од имплементациските партнери;
• 70% од вкупниот број на корисниците вклучени во проектот ќе бидат лоцирани надвор од Скопје, а останатите од Скопје; минимум 30% жени претприемачи
Активности на проектот:
A1: Ваучерска шема, Инфо сесии, Тренинзи за внатрешни и надворешни советници
A2: Креирање на агрегатен портал со информации за бизнис регулативата
A3: Организација на форуми за зголемување на свесноста и усогласеноста со правните и финансиски регулативи
A4: Креирање на “Листи за самоконтрола” и водичи и брошури за усогласеност со законска регулатива
A5: Подобрување на вештините и способностите на вработените во Коморите со цел поддршка на компаниите за усогласеност со регулативите
A6: Воспоставување соработка и користење на добри практики во коморско работење од ЕУ
A7: Промовирање на одржлива и независна платформа за пренесување на потребите на бизнис заедницата кон креаторите на политики
A8: Развивање на капацитети за застапување и лобирање на имплементациските партнери.
A9: Развој на Позициски документи идентификувани преку таргетираните секторски групи
A10: Промоција на ЕНЕР
Реализирани проекти
Назив на Проектот: ЕУ Проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“
Времетраење на Проектот: 1 година (2017 година)
Координатор на Проектот: Стопанската комора на Македонија
Партнер во Проектот: Полио Плус
Стопанската комора на Македонија и Полио Плус –движење против хендикеп започнаа со реализација на заеднички едногодишен ЕУ-проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“. Овој проект е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА.
Генерална цел на Проектот:
Формирање на Центарот за вработување на лица со хендикеп со цел подобрување на нивните вештини, образование и квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството и за нивно поголемо вклучување на пазарот на труд
Новоформираниот Центар за вработување на лица со хендикеп ќе претставува иновативно решение кое цели да ги унапреди, зајакне и да ги зголеми капацитетите на лицата со хендикеп за напредување во нивната професионална кариера. Од друга страна, цел сет на активности ќе биде имплементиран и насочен кон институциите и компаниите, со цел да се отворат можностите за целосно и ефикасно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.
Токму затоа, овој проект има за цел да ја зголеми вклученоста на лицата со хендикеп, кои како лица со зголемен ризик ќе се подготват преку соодветни обуки да се вклучат на отворениот пазар на труд и оваа цел ќе се постигне преку:
1. воспоставување на иновативен сервис за вработување за лица со хендикеп;
2. јакнење на капацитети за вработување и напредување во кариерата на лицата со хендикеп;
3. јакнење на капацитетите на бизнис секторот за вклучување на лицата со хендикеп во работните активности и
4. зголемување на корпоративна одговорност и свест на компаниите за лицата со хендикеп кои ќе бидат третирани како еднакви придонесувачи во работните процеси како и останатите вработени.
Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе понуди пет различни програми наменети за индивидуалните потреби на лицата со хендикеп, како и во согласност со потребите и интересите на отворениот пазар на труд.
Четири од овие програми ќе бидат наменети за лицата со хендикеп и тоа:
1. Програма за подготовка за вработување - преку унапредување на знаењето и вештините на лицата со хендикеп да се зголемуваат шансите за квалитетно и достоинствено вработување;
2. Програма за поддршка при наоѓање работа - преку зголемување на самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп ќе се подобри самопретставувањето на овие лица пред потенцијалните работодавачи;
3. Програма за претприемништво - преку развивање на капацитетите и поддршката на самовработување на лицата со хендикеп;
4. Програма за волонтерство - со стекнување практични знаења и вештини во партнерските компании, но и во самиот Центар и
5. Бизнис програма – преку оваа програма ќе се таргетираат компаниите кои се спремни и сакаат да вработат лица со хендикеп или пак веќе имаат вработено такви лица.
Преку градење на капацитетите на бизнис-секторот, преку обуки за соработниците на лицата со хендикеп, како и преку константна поддршка на компаниите од страна на врвни експерти, ќе се овозможи инклузивна, професионална, пријателска и продуктивна атмосфера за работа и имплементирање на активностите. Колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп.
Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе биде лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот.
Овој проект е финансиран од Европската комисија. Министерството за труд и социјална политика е координатор на Програмата ИПА за социјална инклузија.
Спроведувач е Министерството за финансии, Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот и Полио Плус, партнер во Проектот.
ПОВИК за пријавување на кандидати за препознавање
на претходно знаење и вештини
Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти.
Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf) се дефинирани како приоритетни.
Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира
ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА)
на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност
на градежните работници
и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини
за енергетска ефикасност за следните занимања:
фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации
повеке информации ке можете да најдете на веб страната од проектот
http://www.beet.mk/mk/prepoznavanje-na-prethodno-znaenje-i-vestini/158-povik-za-prijavuvanje-kandidati-za-prepoznavanje-znaenje-i-vestini
Проект: „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“
(BUILD UP Skills - Builders' Energy Efficiency Training - BEET)
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
Од август 2014 година и Македонија е дел од европската иницијатива за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, преку реализација на втората фаза на Проектот „Build up skills“, како дел од Програмата за конкурентност и иновативност – од потпрограмата на ЦИП - Интелигентна енергија на Европската комисија, менаџирана од Европската агенција за мали и средни компании (ЕАСМЕ), кој е последен проект што се реализира од претходната ЦИП-програма (од јануари 2014 година наследничка на Програмата ЦИП, а тоа е новата Програма КОСМЕ што ќе се реализира во следниот седумгодишен период).
Во првата фаза од ЕУ-иницијативата на Build up skills, се подготвија два значајни документа за градежниот сектор. Првиот документ е Анализа на постојните состојби во градежниот сектор (Status Quo Analysis) и вториот документ е Патоказот за развој на капацитетите на градежните работници во Македонија (Road Map). Со овие два документа се дефинираа професионалните квалификации и потребните модули за надградба и дообука на работниците од градежниот сектор, со цел јакнење на капацитетите на квалификувани работници и занаетчии со вештини и знаења за градење и реконструкција на енергетски ефикасни објекти.
ЦЕЛИ
Главната активност на Европската иницијатива Build up skills „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ е да им помогне на европските национални економии да ги подобрат капацитетите на работниците во градежниот сектор, со акцент на обука и едукација на градежните работници за енергетска ефикасност, за да може и Република Македонија да ги постигне параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор е со цел да ја подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент на обука и едукација на работниците во градежните сектор, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во градежниот сектор.
Целта на втората фаза од оваа иницијатива на ЕУ е да се развијат материјали и модули за обука на кадар во градежниот сектор во делот на енергетската ефикасност во градби. За таа цел, ќе се обучат тренери - обучувачи кои понатаму ќе ги обучуваат градежните работници во Македонија. До крајот на 2015 година ќе се спроведат 5 вида на обуки за енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија и тоа обуки за:
1. обвивка на зграда;
2. застаклување;
3. кров;
4. електрична инсталација;
5. вентилација, ладење и греење.
Предлогот за овие 5 обуки кои се дел од претходната анализа направена во градежниот сектор ќе обезбеди вклучување на 5 занимања идентификувани како приоритетни во националната карта во Македонија, со цел да се подобри состојбата на занимањата, односно да се добие стручно подготвен кадар во градежниот сектор за градење на енергетски ефикасни градби. Развојот на материјалите и модулите на овие 5 занимања ќе значи готови модули за верификација на овие занимања кои ќе можат понатаму да бидат дел од неформалното образование.
Очекувани резултати од планираните обуки во септември 2015 година ќе бидат:
- 200 обучени и сертифицирани обучувачи-тренери - за 40 приоритетни занимања на програми за подобрување на енергетската ефикасност;
- 10 обуки - практична настава за градежните компании;
- 1000 сертифицирани работници кои имаат претходно работно искуство во делот на енергетската ефикасност и ќе дополагаат испити од новите модули за признавање на дипломата и
- 50 градежни работници на терен кои ќе бидат обучени за енергетска ефикасност.
Новина е тоа што обучените тренери и обучените градежни работници ќе можат да работат и во една балканска земја, членка на ЕУ, а тоа е Хрватска, согласно потпишаниот Меморандум на взаемно признавање на сертификатите за градежните работници во енергетската ефикасност во рамките на Проектот, кој беше потпишан меѓу националните конзорциуми на Македонија и Хрватска.
ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ
Конзорциумот за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информатички технологии, потоа ЈУ Центарот за образование на возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис економија од Скопје.
Втората фаза на оваа Европска иницијатива паралелно се спроведува во 20-тина земји на ЕУ (30 европски земји беа во првата фаза), а Македонија и Хрватска се единствени кои учествуваат во истата од регионот. Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, а го доби овој проект кој ќе биде координиран од страна на Стопанската комора на Mакедонија.
Исто така, оваа иницијатива беше поддржана од страна на сите релевантни институции во земјава, како што се министерства, агенции, градежниот сектор, едукативниот сектор за формално и неформално образование, како и невладиниот сектор кој се занимава со ЕЕ и ОИЕ.
ЕУ Проект „Build up skills MK“
(Градење капацитети во градежниот сектор во Македонија)
www.buildupskills.mk
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ
Во рамките на Програмата за конкурентност и иновативност на Европската комисија – Интелигентна енергија, покрената е широка иницијатива на Европската унија за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор „Build up skills“ (Градење капацитети во градежниот сектор).
Оваа иницијатива, од ноември 2011 ги здружи активностите на 21 земја членка на Европската унија (Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Шпанија, Финска, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Холандија, Велика Британија, Латвија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шведска и Словенија). Од јуни 2012, по успешно завршените преговарачки активности, дел од иницијативата станаа уште 9 земји, меѓу кои и нашата земја (Хрватска, Чешка, Франција, Македонија, Грција, Литванија, Луксембург, Малта и Словачка).
Националниот дел од Проектот „Build up skills MK“ (Градење капацитети во градежниот сектор во Македонија), се води под акронимот BUS-M.
ЦЕЛИ
Да се дефинираат и квантифицираат потребите и можностите на македонскиот градежен сектор, за остварување на нивниот придонес во постигнувањето на амбициозните национални цели за енергетска ефикасност.
КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ
Создавање на работна сила со доволно знаење или умешност за градење на енергетски ефикасни објекти; потребно е развивање на правни и политички мерки со цел постигање на пазарна евалвација на квалификуваната работна сила.
Со цел остварување на амбициозните национални цели во ЕЕ сферата, во рамките на проектот BUS-M се планира:
• Анализа на националниот status quo;
• Развој на национален патоказ за воспоставување на систем за доживотна обука на градежните работници во областа на енергетската ефикасност;
• Обезбедување на одобрување на националниот патоказ, а со тоа и пазарна евалвација на квалификуваната работна сила
РЕЗУЛТАТИ
Практичното знаење на специјализираните работници ќе обезбеди и овозможи зголемување на енергетската ефикасност и примена на обновливи извори на енергија (ОИЕ) во секојдневната градежна практика.
Ќе се зголеми контролата на квалитет на процесот на градење на енергетски ефикасни објекти од страна на властите, професионалниот и инвеститорскиот сектор.
ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ
Партнери во овој проект се: Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Градежниот институт „Македонија“ АД, Здружение на бизнис-консултанти „Креација“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.
НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА КВАЛИФИКАЦИИ
Националната платформа на квалификации е мрежа од контакти и организации кои се активно вклучени во одезбедувањето на компетентна и квалификувана македонска работна сила во градежниот сектор, потребна за постигнување на националните цели за зголемување на енергетската ефикасност. Таа е составена од:
1. Насочувачки комитет
2. Секретаријат
Платформата ќе работи преку работни групи и пленарни состаноци.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
18 месеци
Проект: ABC-DIHK
Асоцијација на Балканските Комори (АБК)
Националните комори од балканските земји ја основаа АБК на 17 септември 1994 година, во Мангалија, Романија, со крајна цел: создавање слободна трговска зона на Балканот.
Нашите активности се насочени кон:
• ревитализација и унапредување на стопанската соработка во регионот;
• либерализација на трговијата во регионот;
• отстранување на нетарифни пречки во меѓусебните трговски односи;
• поттикнување на интраинтеграција;
• забрзување на интегративните процеси кон ЕУ;
• промовирање на арбитражно решавање на споровите во трговијата;
• промовирање на деловната етика;
• коморско институционално зајакнување.
Функционирање на АБК :
• Претседателство на ротациона основа;
• Генерално собрание;
• Секретаријат, на ротациона основа со Претседателство;
• работни групи.
Активности на АБК:
• давање деловни информации релевантни за регионот и за секоја земја-членка на АБК;
• поддршка во воспоставување нови деловни контакти;
• промовирање на стопанските потенцијали;
• застапување на интересите на претпријатијата пред државните институции;
• соработка во решавањето спорови на претпријатијата;
• соработка со други регионални иницијативи: Пактот за стабилност, SECI, Балканскиот центар за трговска промоција, Црноморската иницијатива за соработка.
Проект: BCTP
Балкански регионален центар за унапредување на трговијата - БЦТП
Балкански регионален центар за унапредување на трговијата ( BCTP -Balkan Regional Center for Trade Promotion)
Балканскиот регионален центар за трговска промоција, со потпишување договор, го имаат основано шефовите на државите од Југоисточна Европа, за време на одржувањето на Самитот, на 13 октомври 1998 година во Анталија, Турција.
Организации-основачи:
- Албанска агенција за унапредување на инвестициите (АНИХ), Тирана;
- Бугарскиот центар за промоција на извозот (БЕПЦ), Софија;
- Грчкиот одбор за надворешна трговија (ХЕПО), Атина;
- Стопанската комора на Македонија (ЕЦМ), Скопје;
- Романскиот центар за трговска промоција (РТПЦ), Букурешт;
- Министерство за меѓународни економски односи на Србија и Црна Гора, Белград;
- Извозниот промотивен центар на Турција (ИГЕМЕ), Анкара.
Седиштето на Постојаниот секретаријат на БЦТП е во ИГЕМЕ, Анкара.
Активности:
- промоција на регионалната трговија:
- саемска промоција во рамките на заедничкиот штанд на БЦТП на меѓународните саеми во: Измир, Солун, Пловдив, Скопје, Букурешт, Белград. За учесниците и посетителите на саемите се организира семинар на тема "Трговските инвестициони можности на Балканот";
- BCTP Network;
- Билтен на балканската трговија, во којшто има информации за трговијата, понуда и побарувачка, тендери, инвестиции, потенцијалите на земјите-основачи. Билтенот се печати и бесплатно се дистрибуира двапати годишно;
- истражување и развој:
- преку креираната база на податоци којашто ги содржи сите потребни информации и статистики коишто се однесуваат на земјите од Југоисточна Европа;
- редовна размена на трговски информации;
- маркетиншки истражувања по земја, гранка и производ;
- понуда и побарувачка:
- фирмите имаат директен и бесплатен пристап до интернет- страницата за понуда и побарувачка на следнава њеб-страница хттп://њњњ.балцантраде.орг
- меѓународни односи:
- воспоставена е соработка со Пактот за стабилност, ССЕЦИ, Асоцијацијата на балканските комори (АБЦ) и со Црноморската иницијатива за соработка;
- обука:
- се организираат тренинзи, семинари, работилници, со цел размена на искуства, Know-How меѓу организациите за трговски развој во Југоисточна Европа.
Eurochambres (Асоцијација на европските комори)
Извештај за инвестициона реформа во земјите од Западен Балкан, издаден од страна на Асоцијацијата на европските стопански комори – EUROHAMBRES, во рамките на Проектот Partners for Investment Promotion, кофинасиран од страна на Европската унија и со поддршка на OECD.
Проект: CEFTA-DIHK
ЦЕФТА-ДИХК ПРОЕКТ ЗА ПАРТНЕРСТВО
Со оглед на добрите постигнати резултати преку АБЦ-ДИХК партнерскиот проект, како и фактот дека на коморите, особено од Западен Балкан им е потребна понатамошна поддршка при реализацијата на активностите на патот кон зачленување во ЕУ, АБЦ коморите и Асоцијацијата на германски комори ја започнаа постапката за нов проект. Надлежните институции во Германија (BMZ и SEQUA) ја дадоа потребната согласност за започнување нов проект.