„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ВИДЕОИНТЕРВЈУ: Азески за Слободен печат – Фирмите покажуваат интерес за кредити од унгарските средства

18.10.2024

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во интервју за „Слободен печат“ говори за очекуваното зголемување на инвестициската активност во државата и потребата капиталните инвестиции да се реализираат без „марифетлуци“. Тој исто така најави дека компаниите кои не добиле навремен поврат на ДДВ, ја имаат поддршката од Комората да ја тужат државата.

Азески изразува оптимизам дека Владата ќе ги исполни обврските кои ги договорила со стопанствениците. Една од тие мерки е кредитната линија од Унгарија, од која дел ќе биде наменет за стопанството. Секоја финансиска поддршка, особено преку поволни кредити, според Азески е позитивен чекор, а веќе се идентификувани компании со проекти кои би биле погодни за кредитна поддршка.

„Проблем за стопанството е доцнењето на државата со поврат на ДДВ, кој треба да се врати во рок од 30 дена според закон. Компаниите имаат право да се жалат, а Комората стои зад нив“, истакнува Азески.

Тој додаде дека бизнис заедницата очекува Владата што побрзо да влезе во процесот на реформите, и покрај временските ограничувања со кои се соочила поради формирањето на новите министерства и летниот период.

Во интервјуто, Азески ги потенцираше четирите клучни теми договорени со Владата:

  1. Обезбедување на кредитна линија од Унгарија;
  2. Буџетот за следната година и даночниот календар;
  3. Вклучување на македонски компании во проектот „Бехтел и Енка“;
  4. Реализација на капиталните инвестиции без пренамени и „марифетлуци“.