„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
29.07.2024
Стопанската комора на Северна Македонија спроведе анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција, што е дел од активностите на проектот „Граѓаните против корупцијата“ кој Комората го спроведува од април 2023 година. Станува збор за петгодишен проект, финансиски поддржан од УСАИД, што се реализира преку Конзорциум на разновидни учесници, меѓу кои и Комората како претставник на приватниот бизнис сектор.
Анкетата, која беше спроведена во март годинава, е прва од ваков тип и се фокусира на ставовите и искуствата на компаниите поврзани со корупција само за фискалната година 2023 (јануари-декември). Со вкупно 38 прашања поделени во четири сегменти, анкетата дава детален увид во различните аспекти на корупцијата, нејзината присутност и влијание врз компаниите.
Анкетата беше целосно анонимна. По електронски пат беше испратена до 400 приватни компании, од кои 138 компании (34,5%) дадоа одговори. Од нив 75 компании одговорија целосно, а 63 компании делумно. Анкетата опфаќа компании со различна големина, сектори и региони на македонската економија, обезбедувајќи репрезентативност и релевантност на резултатите. Беа вклучени компании чија работа е претежно ориентирана кон домашниот пазар, но и компании кои се членки на Советот на странски инвеститори во рамките на СКСМ.
Одговорите добиени преку анкетата се мошне релевантни бидејќи 92 % беа дадени од менаџментот на компаниите, луѓе кои ги имаат сите релевантни информации потребни за одговарање на вакви прашања во име на нивните компании.
Целата Анкета за корупцијата со која се соочува приватниот сектор со анализа на одговорите е достапна ТУКА