„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

“FINNOvation meetEENg” во рамки на Enterprise Europe Network проектот - ЕЕН мрежа, 23 мај 2024 година

11 иновативни мали и средни компании, старт-ап, спин-оф, спин-аут и МСП од Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија и Словенија, ги претставија своите иновативни производи и услуги пред советниците на ЕЕН мрежата - Enterprise Europe Network проект

24.05.2024

FINNOvation meetEENg во рамки на Enterprise Europe Network проектот - ЕЕН мрежа, 23 мај 2024 година
Преку FINNOSEE https://www.finnosee.eu/ платформата, онлајн, на 11 април 2024 година, се организираше состанок на советниците на Enterprise Europe Network-ЕЕН од Западен Балкан, кои после неколку последователни онлајн состаноци, подготвија структура за презентација на иновативен производ и услуга и донесоа одлука да се распише повик за иновативни мали и средни компании (старт-ап, спин-оф, спин-аут или МСП), од земјите во Југоисточна Европа/Западен Балкан, и тоа од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, кои бараат меѓународна соработка со партнери од други земји, за нивно преставување и промоција на иновативни производи и услуги.
На повикот, се пријавија, 20-тина компании од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, од кои само 11 компании беа избрани согласно критериумите за презентација на иновативен производ и услуга. Со избраните компании, мали и средни, работеа советниците на ЕЕН мрежата по земји, кои даваа насоки за тоа како учесниците, презентери на компаниите, треба да подготват кратки презентации од 3 минути и да опфатат најбитни податоци и информации за преставување на нивниот иновативен производ или услуга, а потоа во 5 минути да се подготват да одговорат на прашања кои ќе бидат поставувани од страна на советниците на ЕЕН мрежата. https://www.finnosee.eu/call-for-companies-finnovation-meeteeng/, односно направат подготовка за презентација пред потенцијалните инвеститори, активност што ќе следи во септември 2024 година.
Настанот за претставување на избраните компании, се одржа на 23 мај 2024 година, онлајн, насловен како FINNOvation meetEENg на иновативни мали и средни компании (старт-ап, спин-оф, спин-аут или МСП).
Учесниците кои учествуваа на настанот беа компании од регионот, и тоа 4 микро и мали компании од Македонија и Црна Гора, 1 МСП од Хрватска, Србија и Словенија, кои бараа потенцијални партнери за меѓународна соработка, вмрежување со други компании од целиот свет, претставувајќи ги нивните иновативни производи и услуги пред советниците на Enterprise Europe Network - ЕЕН проектот.
На овој настан, FINNOvation meetEENg, 11 микро, мали и средни компании земаа учество со свои кратки презентации, и тоа
  1. Green Lining doo (Црна Гора) - Александра Симони
  2. Meditera d.o.o. (Црна Гора) - Борис Радуновиќ
  3. Codeit Solution (Македонија) - Викторија Дранговска
  4. WIDNET Solutions (Македонија) - Дарко Мицкоски
  5. DeepMark (Црна Гора) - Коста Павловиќ
  6. Аликорн (Црна Гора) - Сања Гардашевиќ
  7. 3P Solutions (Македонија) - Марјан Жежовски
  8. Deep Green Inno Machines (Македонија) - Владимир Локвенец
  9. WERXE (Хрватска) - Филип П.
  10. CubexLab (Србија) - Владан Глигоријевиќ
  11. Ограје Кочевар, д.о.о. (Словенија) - Душан Грабнар
FINNOSEE https://www.finnosee.eu/е онлајн платформа на земјите од Југоисточна Европа, дизајнирана во рамки на ЕЕН мрежата, со цел да им помогне на иновативните мали и средни компании, можност да стапат во контакт со потенцијални инвеститори преку советниците на ЕЕН мрежата.
Улогата на советниците на Enterprise Europe Network - ЕЕН мрежата, беше од исклучитена важност, за да ги слушнат идеите и барањата на компаниите кои имаат свои иновативни производи и услуги, со цел да ги вмрежат со потенцијални трговски партнери (дистрибутери или добавувачи), потенцијални производители или подизведувачи, проектни партнери за заедничко истражување и развој, да им помогнат да најдат нови можности за инвестирање со идентификација на партнери за инвестиција или други стратешки инвестиции или пак да да им понудат советодавна помош и поддршка.
Вмрежувањето на избраните компании ќе продолжи да се спроведува во рамки на Enterprise Europe Network проектот или ЕЕН мрежата, преку подготовка на профили на избраните иновативни компании за Понуда/Побараувачка, за нивно вмрежување со потенцијални партнери, (дистрибутери или добавувачи), производители или подизведувачи, во зависност од нивната идеја, цел и намера, а тоа значи добро да се подготват за следна презентација што ќе ја имаат пред потенцијалните инвеститори, активност што ќе следи во септември 2024 година.