„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва во кампања за финансиска едукација

22.03.2024

Во рамки на Глобалната недела на парите која се одржува под мотото „Заштити ги своите пари, осигурај ја својата иднина“ , Асоцијацијата на осигурително брокерските друштва се вклучи со едукативен настан – предавање за студентите од трета и четврта година на Економскиот факултет во Скопје, при универзитеот Св. Кирил и Методиј.

Ваквите настани треба да придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, правата на осигурениците, промоција на финансиската едукација и подигање на јавната свест за значењето на осигурувањето.
Оваа активност е дел од континуираните напори на Агенцијата за супервизија и членките на платформата за финансиска писменост во осигурувањето, а во рамки на Н ационалната стратегија за финасиска едукација и финансиска инклузија која е дел од заложбите на сите финансиски регулатори за унапредување на состојбите во финансискиот сектор во земјава.
Претседателот на Асоцијацијата, д-р Оливера Клинчарова ги презентираше осигурително – брокерските работи и нивната улога во процесот од снимање на ризик и сите законски и етички обврски во процесот на посредување, наплата на премија, укажување на помош во текот на траењето на договорот и стручна помош при настанување на осигуран случај. Исто така беше истакната можноста за студентите да остваруваат практична работа во секторот осигурување како динамична стопанска дејност, а понатаму и да продолжат со едукација и лиценцирање во оваа област.