„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

ПРЕКУ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧ ДО САЕМ ЗА КОЗМЕТИКА, НЕГА НА КОСА И ЕСТЕТИКА „БЈУТИ ЕКСПО 24“

18.03.2024

Учениците од СУГС “Димитар Влахов” од Скопје, на Саемот за козметика, нега на коса и естетика “Бјути експо 24 (Beauty Expo 24)”

Саемот за козметика, нега на коса и естетика “Beauty Expo 24” по вторпат, се одржа во Скопје, во хотелот Александар Палас, од 15ти до 17-ти март 2024 година. 
Саемот преставуваше одлична можност, на едно место, да се видат голем број на професионални брендови, како и на компании, кои ги следат трендовите и новитетите во индустријата за убавина.
Посебно забележителни на саемот беа учениците од СУГС “Димитар Влахов” од Скопје, кои под будното око на своите професори самостојно реализираа: тренди машко потстрижување со колорирање, модерна матурска фризура на долга коса, модерно машко потсрижување и сл. Не помалку интерес, привлекоа и нивните соученици од делот за козметика кои се претставија со неколку третмани: третман за младешка свежина и виталност, класичен третман на лице, врат и деколте со ултразвучна шпатула, свечени матурски нокти и сл.
Како резултат на часовите за практична обука во компаниите, учениците покажаа завидно ниво на спремност и умешност и предизвикаа голема заинтересираност од страна на присутните кои беа воодушевени од нивната младешка енергија и смелост за впуштање и следење на новите трендови.
Уште еднаш се покажа дека стекнатите знаења, споени со практична обука во компаниите, под постојан надзор на менторите, обучени од страна на Стопанската комора на Северна Македонија, е полн погодок, а за учениците чекор плус кон нивната идна професија. 
Драги ученици, професори и ментори, 
Ви благодариме што ни презениравте нешто ново, нешто убаво и поинакво, нешто што на нас посетителите, не само што не остави без збор, туку и ни го разубави викендот.