„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

НЕДЕЛНА РЕПОРТАЖА „ЕДНА СЛИКА – ИЛЈАДА ЗБОРОВИ“ "СЕ ЗАГРЕВА КОМОРСКАТА МАШИНЕРИЈА - ПРЕТСТОИ ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК"

20.02.2023

Бизнисот нема други избор, освен упорноста да истрае во својата определба, јавниот и приватниот сектор да постигнат концезус и утврдат приоритети

I.
Декември 2007 пред 15 години јасно и јавно истакнати нашите барања. За жал, се`уште нереализирани.
1. Сивата економија ако и понатаму опстојува ќе не комплексира и нас и вас како неуспешни субјекти кој го напуштаат теренот со наведнати глави.
2. Застојот на гасификацијата во РС Македонија ќе биде доказ дека на Балканот постои слепо црево за заедничкиот европски организам што исто така не е добро за никого.
3. Г-дине Премиере, најдете го излезот на волшебниот круг на партизацијата ана државната администрација, која и натаму ја фрустрира целата наша држава.
Годишна средба на бизнисот со Владата - обраќање
декември 2007 год
Комората секогаш однапред нуди решенија за проблемите што следуваат. Така и минатата недела МЕА излезе со решение за очекуваните проблеми со фотоволтаиците.
Минатата недела министерот за економија Бектеши беше во Комората во врска со енергетиката, а оваа недела ќе биде во врска со извозот.
Во среда (22.2.2023 година на гости ми доаѓа новиот претседател на КИФ, Лулзим Рафуна, кој наедно е и претседател на косовската Комора, на размена на мислења за актуелните регионални прашања.
Болничката соба во Истанбул беше претворена и во работен кабинет. Од тука на Вебекс ги водев и разговорите и состаноците и арбитражните постапки и колегиумите.
Потпретседателот на СКСМ Виктор Мизо на мојот 61. роденден, кој го одбележавме скромно, со една преубава торта и чаша црвено вино.
Моите белградски другари д-р Димитар Гелев, редовен професор на Правниот факултет; Бранко Греганович, прв човек на НЛБ Скопје, и амбасадорот Јон Ивановски.


БРАНКО - духот на Белград е познат бренд и во трговијата, но и во секојдневниот живот.
Бранко Пешиќ, Бранко Крсмановиќ, Бранко Чопиќ, Бранко Миличевиќ итн. итн.
За жал, овие денови физички не напуштија двајца значајни бизнисмени, поддржувачи на СКСМ: Гоце Камчев и Јово Панајотовиќ. На насловната страница на Монографијата издадена по повод 100-годишнината на Комората. Гоце Камчев сопственик на „КАМ“ Холдинг и Јово Панајотовиќ бивш генерален директор на МЗТ и министер во сојузната влада на СФРЈ.
 

II.
Многу работи во државата се`уште не се на линија на потребите на бизнисот, но ние во инетерс на бизнисот работиме ...
Минатонеделното интервју за "Блумберг" предизвика многу контроверзии околу солидарниот данок. Во Собранието се очекува жестока дебата.
Изјави на претседателот Азески и на Стопанската комора кои го одбележаа периодот од Нова година наваму.
Кога кажувам дека се загрева Коморската машинерија мислам на активностите кои секојдневно се најавуваат. Ни претстои сериозна расправа по ЗРО (законот за работни односи), но и една низа на промовирање нови форми и содржини во нашето работење.
  • Целосно отворање на прашањето за инфраструктурата на еден сосема подруг начин;
  • Востановување на практика на поканување месечен гостин на СКСМ кој ќе зборува на актуелна тема, ќе биде емитувана првата наша телевизиска дебата во сопствена продукција;
  • Ќе биде претставен новиот концепт за искористување на кадровскиот потенцијал на Комората и првиот центар за изработка на економски анализи, истражувања, стратегии, мислења итн.
  • На крајот на месец март 2023 година во Скопје, во организација на Стопанската коморак, КИФ ќе одржи манифестација на избор на најдобрите компании на Западен Балкан а во рамките на проектот на УСАИД ќе се одржи регионална конференција на тема „Doing business in the Western Balkan region“;
  • Најавени се посети на американски бизнисмени, состаноци со ММФ и Светска Банка, продолжуваат и активностите во делот на образованието, туризмот итн.