„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
17.03.2022
Со Предлог законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, се брише во член 2 точката 10 и се бришат членовите 16-г и член 16-д каде е уредено одбележување на брашното како и издавање контролна марка.
Со предложените измени во законот ќе се овозможи да се намалат последиците од административните процедури и бариери како и трговските бариери кои се уредени согласно договорот со ЦЕФТА. ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА Член 1
Во Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/10, 53/11, 55/12, 106/13, 116/15, 149/15, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 150/21), во членот 2 точката 10-в се брише.
Член 2
Во членот 3 алинејата 4 се брише.
Член 3
Во членот 16-а став (1) зборовите : „е означено со контролна марка и“ се бришат.
Член 4
Членовите 16-г и 16-д се бришат.
Член 5
Во членот 169 став (1) точката 1-в) се брише.
Точката 1-г) станува точка 1-в). Член 6
Во членот 172 став (1) точката 1-а) се брише.
Член 7
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
|