„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
16.01.2024
Основни цели на Законот за вработените во јавниот сектор се подобрување на ефикасноста и ефективноста во управувањето со човечките ресурси, дорегулирање на постапката за вработување, ревизија на опфатот на законот, поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работни места, воведување на унапреден концепт за донесување на годишниот план за вработување, дорегулирање на постапките на мобилност и разграничување на надзорот над примената на одредбите од овој закон.