„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка

11.01.2024

Цели начела и основни решенија:
Целта на овој закон е да овозможи брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот. Успешната конфискација означува успешно завршување и заокружување на претходно водените постапки пред јавните обвинителства, пред другите органи и во судовите. Ефикасноста на конфискувањето означува праведност во општеството.
При постапувањето и управувањето со привремено одземениот имот и привремено одземените предмети и конфискуваниот имот и имотната корист како принос од кривично дело и одземените предмети со правосилна одлука во кривична и прекршочна постапка, како и трајно одземените предмети во управна постапка се постапува согласно со начелата на законитост, економичност, ефикасност, трaнспарентност, постапување со внимание на добар домаќин, одговорност, стручност, професионалност и ажурност.