„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
27.12.2023
Цели, начела и основни решенија: Целта на проектот е подобрување на транспортната поврзаност за патните учесниците во сообраќајот долж Коридорот VIII помеѓу Скопје и Деве Баир, и подобрување на функцијата за управување со средства и планирање на ЈПДП. Основно начело врз основа на кое се заснова овој предлог на закон е обезбедување на финансиски средства за дополнително финансирање на Проектот за надградба и развој на патишта. Следствено на тоа, ЈПДП и Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка ќе склучат Договор за заем, додека Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии и Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка ќе склучат Договор за гаранција, за обезбедување на средствата во износ до 31 милиони евра.