„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и повик за јавен увид во Законот

17.12.2023

Цели на предлог регулативата : Исполнување на обврските кои РСМ ги има преземено со потпишувањето и ратификувањето на Договорот за основање на Енергетска заедница преку транспонирање на законодавниот Пакет на ЕУ за чиста енергија кој е адаптиран од страна на министерскиот совет на Енергетската заедница, - јасно утврдување на меѓусебната поврзаност, целите и содржината на стратешко-планските документи и подзаконски акти во областа на ОИЕ. Зголемување на процентуалното учество на обновлива енергија во бруто финалната потрошувачка до 2030 година, обезбедување дополнителна поддршка на производителите на енергија од ОИЕ преку законско уредување и на други мерки за поддршка, покрај веќе регулираните повластени тарифи и премиите.Обезбедување поголема информираност и помош за инвеститорите во ОИЕ преку воспоставување информативна контакт точка и поедноставување на постапките кои ги иницираат од аспект на процедуралните дејствија, условите и роковите.
 
 
Објавен е и повик за јавен увид за предлог на Закон за обновливи извори на енергија:
 
Повик за јавен увид за Предлог на Закон за обновливи извори на енергија
15.12.2023
 
Заради одржување на јавна расправа, Министерство за економија ги известува засегнатите страни дека Предлог на Закон за обновливи извори на енергија се става на јавен увид.
 
Јавниот увид во Предлог на Закон за обновливи извори на енергија може да се изврши на следната електронска адреса: www.economy.gov.mk eener.gov.mk или во просториите на Министерство за економија почнувајќи од 15.12.2023 заклучно со 04.01.2024.
 
Јавната расправа за Предлог на Закон за обновливи извори на енергија ќе се одржи на 09.01.2024, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.