„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка

18.07.2023

Основната цел на овој Предлог на закон е заштита на граѓаните како корисници на платежни услуги, преку регулација на прашањето на банкарските провизии и другите давачки поврзани со одобрување кредити, за одржување трансакциски сметки и плаќања како што се проверка на состојба на сметка на банкомат да се уреди со закон, а не да се остави  на интерните политики на банките кои согласно Законот за платежни услуги и платни системи (*) ги уредуваат и јавно објавуваат. Со постигнување на целта заради која се предлага законот ќе се постигне и решението и начелата на законот, а тоа се заштита на граѓаните од нерамноправната и неповолната состојба во која се наоѓаат во изминатите години и која директно влијае на нивната социоекономска положба.