„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог -Закон за дополнување на законот за јавните патишта, по скратена постапка

01.06.2023

Цел на законот:
Со Законот за јавните патишта се уредува условите и начинот на управувањето, планирањето, изградбата, реконструкцијата, рехабилитацијата, одржувањето, заштитата, финансирањето, и надзорот на јавните патишта. Заради подобрување на основните услови за живот на хронично болните лица од цистична фиброза, државата создаде законски механизми преку кој ќе се овозможи побраза набавка на лековите за нив, сепак оваа категорија на лица сеуште се соочуваат со низа проблеми во процесот на лекување. Уредувањето на областа на ваков начин, не го решава системски проблемот со кој е соочена оваа категорија на граѓани и не ја отсликува реалноста на хронично болните лица од цистична фиброза. Со предложеното законско решение државата ќе им излезе во пресрет со што би се намалиле трошоците на пациентите кои секојдневно ги имаат во справувањето со лекување од оваа ретка болест.