„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка

09.05.2023

Целта на овој предлог на закон е да се овозможи ефикасна изградба и ставање во употреба на државни патишта како градби чија изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, градби од стратешки интерес се државни патишта, железнички пруги, магистрални гасоводи, како и други градби од јавен интерес кои се реализираат како стратешки инвестициони проекти или проекти од стратешко национално значење утврдени со закон. Изградбата на коридорите 8 и 10 се од клучно значење и во контекст на индикативното проширување на трансевропската транспортна мрежа кон Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, во согласност со Регулативата 1315/2013 на Европскиот парламент и на Советот на Европа и Делегираната регулатива на Комисијата (ЕУ) 2016/758.