„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на законот за здравствено осигурување, по скратена постапка

13.04.2023

Целта на предлог Законот за изменување и дополнување на законот за здравствено осигурување, по скратена постапка е вклучување на жените регистрирани како земјоделки.
Преку законското овозможување на користењето на правото на надоместок за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, како држава, ќе се овозможи еднаквост, транспратентно и инклузивно делување во криерањето на државната политика и решенијата во врска со уредување на ова право за земјдоелките со почитување на одредбите од Уставот.
Имено жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени како категорија од Законот за здравствено осигурување во делот на надоместоци поради болест, повреда на работно место и отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство. Индивидуалните земјоделци плаќаат 20% придонеси, немаат плата, туку остваруваат приход од земјоделска дејност на годишно ниво, кој е нередовен и условен од временските услови и слични фактори на ризик
Текст на предлог на законот