„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка

09.04.2023

Собранието на Република Северна Македонија во јули 2021 година донесе Закон за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа –Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија. Како резултат на овој закон Владата на Република Северна Македонија има утврдена потреба од дополувањето на Законот за шумите. Со оваа дополна предвидена со членот 14-б и измена на членот 15 се овозможува пефикасна и понавремена примена на законот за шумите за градби кои се од стратешки интересна државата.
Имајќи во предвид дека постапката за трајна пренамена на шумата и шумското земјиште е процес кој може да трае долг времески период, со ова дополнување сеовозможува за градби кои се од стратешки интерес на државата да имаат понавремена и поефикасна реализација на проектите.