„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка

09.04.2023

Предложените измени и дополнувања на Законот за минерални суровини се со цел усогласување на одредбите на овој закон со одредбите на Закон за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021) во делот кој се однесува на доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за изградба на државни, општински патишта и хидротехнички објекти, како и патни коридори.