„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка

09.04.2023

Собранието на Република Северна Македонија во јули 2021 година донесе Закон за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија.
Предложените измени и дополнувања на Законот за експропријација се со цел поефикасна имплементација на донесениот закон и надминување на проблемите во однос на решавање на имотно-правните прашања поврзани со реализацијата на Проектите за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-д.
Целта на измената на законот е да се овозможи забрзана реализација на објекти од стратешки интерес за изградба на магистрални гасоводи и државни патишта преку поедноставување на одредени чекори од процесот и да се овозможи повисок степен на флексибилност во однос на содржината на урбанистичките проекти.
Потребата од доизградба и модернизација на патната мрежа низ државата е суштинска потреба за брз економски развој, како и интеграција на транспортниот сектор со Европската Унија.
Исто така, ова претставува нов модел, кој за прв пат ќе се користи кај нас и би дал најбрзи и најоптимални резултати во изградбата на патната мрежа. Наместо да се чека со години за планирање, а потоа со години за реализација, како што имаме примери сега, оваа брза и едноставна процедура би дала побрзи резултати.
Новиот пристап нуди брза и навремена реализација на капиталните проекти.