„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште

01.03.2019

Измените и дополнувањата во Законот за земјоделското земјиште, се во насока на доуредување на постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, воведување на нови поими во законот, заштита на земјоделското земјиште како ограничен ресурс, како и усогласување со Законот за урбанистичко и просторно планирање, и тоа:
- се предлага да се овозможи да се градат објекти за промоција и продажба на земјоделски производи преку рурален туризам кои се дефинираат како градби за угостителство и туризам во кој се врши продажба  на земјоделски производи произведени од земјоделска дејност со површина во основа до 1000 метри квадратни и максимална висина од 15 метри и објекти за спортско рекреативни активности;
- се проширува намената на земјодолско земјиште за кое може да се додели во закуп со можност и за поставување на пчелни семејства како и со можност за одгледување на насад во случај кога се доделува земјиште под насад;
- се уредува поволност за таканарачените млади земјоделци на начин што  се пропишува за земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп;
- се доуредува составот и начинот на работа на Комисијата за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост со цел нејзина поголема ефикасност и единственост во спроведување на постапките
- се овозможува на земјоделските стопанства да можат да аплицираат  на огласи за закуп на земјоделски земјишта се до обезбедување на фонд од 10 хектари;
- се прецизира дека предмет на закуп може да биде и земјоделско земјиште со насад кој не е подигнат од страна на постоечки или поранешен законит корисник на земјоделското земјиште во државна сосптвеност;
- се допрецизира рокот во кој може да се изјави правен лек поради неправилности во постапката за електронското јавно надавање;
- се пропишува можноста за склучување на договор за закуп со второрангиран понудувач во постапките за давање на земјоделското земјиште во закуп во случај кога прворангираниот нема да го склучи договорот или нема да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот како и обврска за надомест на штетата од страна на избраните понудувачи кои не го склучиле договорот за закуп;
- се предлага алтернативна можност за закупците, наместо банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот да обезбедат депозит на сметка на буџетот на Република Македонија со што би се избегнале трошоците за банкарска гаранција;
- се допрецизираат можностите за измена на договорот за закуп во случај на промена на податоците за земјоделското земјиште предмет на договорот поради дигитализацијата на податоците во Јавната книга;
- се предлага можност за промена на првично доставениот бизнис план кога реализацијата на истиот е неизвесен од причини што закупецот не е воведен во владение на целата површина за кој аплицирал или е воведен подоцна поради правни или фактички пречки за кој не е виновен закупецот;
- се допрецизраат постапките за раскинување на договорите за закуп и враќањето на владението врз земјиштето;
- се пропишува постапката за престанување и раскинување на договорот за плодоуживање, кој недостига во посточкиот закон;
- се уредува заштитата на земјоделското земјиште поради нанесување на полски штети;
- се доуредува постапката за градење на земјоделско земјиште во врска со новопредложените типови на објекти со овој закон.