„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛОВИ ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

15.09.2022

 

Со овој Договор, договорните страни (Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија) се обврзуваат да ги поедностават административните процедури за влез, движење, престој и работа на граѓаните на другите договорни страни.
Договорните страни гарантираат дека гражаните на другите договорни страни имаат еднаков пристап до пазарот на трудот на страната примател, во согласност со овој договор и домашното законодавство.
Граѓанин на една од договорните страни, покрај правата предвидени со домашното законодавство за работа на странците, има право на влез и престој за работни цлеи во страната примател под услов:
  • Тој/таа да има важечка лична или биометриска патна исправа со важност од најмалку 90 дена, сметајќи до истекот на рокот;
  • Тој/таа да нема забрана за влез и престој на територијата на другата договорна страна;
  • Тој/таа не претставува закана за јавниот ред, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на другата договорна страна.
Со цел да го оствари правото на слободен пристап до пазарот на трудот, државјанин на договорна страна ќе регистрира лични и други податоци како што се бара од соодветна оналјн електронска услуга развиена од секоја договорна страна во согласност со домашното законодавство и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.
Регистрацијата може да се изврши пред да се влезе на територијата на страната примател, или по влегувањето, но најдоцна во рок од 90 дена од влегувањето на територијата на страната примател.
Граѓанин на договорна страна кој има Отворен балкан број за идентификација ќе се смета дека се регистрирал за слободен пристап до пазарот на трудот на територијата на страната примател, откако електронски ќе биде известен дека постапката за аплицирање е завршена и дека слободниот пристап до пазарот на трудот е одобрен, што му дава право на слободен пристап до пазарот на трудот.
 
Целосен текст на материјалот - Предлог на закон за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.pdf