„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА

25.05.2022

 Според Министерството за финансии, изменувањето и дополнувањето на Буџетот на Република Северна Македонија во 2022 година е насочено кон повеќе цели: ревидирање на иницијалните фискални проекции во согласност со променетиот макроекономски контекст во првата половина на 2022 година,  инкорпорирање на фискалниот одговор на кризата, реструктуирање на буџетските расходи, зачувување на фискалната одржливост и оптимизирање на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит. 

Растот на цената на енергијата на светските берзи, вклучително и на прехранбените и примарните производи, ги подгреа вкупните ценовни притисоци, кои преку меѓународните пазари се прелеаа во националните економии. Во услови на европска енергетска криза и значително зголемени цени во глобални рамки, редефинираната буџетска рамка ќе овозможи поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и оптимизирање на трошоците на позајмување, поддршка на акомодативната монетарна политика и создавање поповолни услови за остварување на проектираните стапки на економски раст на краток и среден рок. 
Целосниот текст на материјалот е достапен на следниот линк.