„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

12.05.2022

 Со членот 1 од Предлог на законот се воведува исклучок во однос на престанокот на договорот за вработување за судиите и јавните обвинители и притоа им се овозможува работниот однос односно мандатот на судиите и јавните обвинители да може да се продолжи од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, односно Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, до наполнување на 67 години возраст на судијата, односно на јавниот обвинител и оваа одредба ќе се применува три години од денот на влегување во сила на овој закон, што е уредено со член 3 од овој Предлог на закон.

Со членот 2 се менува ставот (3) од членот 134 при што, во листата на дејности кои се исклучок од правилото за неработење во недела, се додаваат дејностите: производство на масла и масти, производство на цемент, вар и гипс и производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото, занаетчиска дејност, но само за вршители на занаетчиска дејност како трговци поединци и физички лица запишани во посебен регистар, согласно закон, откуп на земјоделски производи и производство на винo, само во процесите поврзани со прием на грозје, обработка и процесирање на грозје и гроздова каша, ферментација, стабилизација, филтрација, анализа и следење и техничка и енергетска поддршка на овие процеси.
Дополнително, во истиот член се додава нов став (7) со кој се воведува исклучок за исплаќање на додатокот на плата за работа во недела за здравствените работници на кои работата им е организирана во дежурства.
Со членот 4 се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Северна
Македонија да утврди пречистен текст на Законот за работните односи.
Членот 5 регулира влегување во сила на законот.