„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Групацијата за безбедност и здравје при рбота е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на заштита и спасување, лична заштитна опрема и услуги во делот на безбедност и здравје при работа заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.
Во Групацијата членуваат околу 20 правни лица репрезенти од овие дејности, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана сооваа област.
Основни цели и задачи во работењето на Групацијата се разгледување прашања во врска со унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми во дејноста, промоција на економските интереси, усогласување на пројавените спротивности и различни интереси, усвојување заклучоци и предлагање мерки, покренување иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницирање и остварување соработка со други здруженија и стручни асоцијации, како и меѓународна соработка и поттикнување на европските правила и стандарди и др.
На конститутивната седница одржана на 07.02.2014 година за претседател на Групацијата е избран Сашо Стојмановски од Техноинпекс од Скопје, а за негов заменик Борче Стојчевски од Прориск од Скопје.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Групацијата за безбедност и здравје при рбота е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кој членките самостојно одлучуваат во областа на заштита и спасување, лична заштитна опрема и услуги во делот на безбедност и здравје при работа заради ефикасно остварување на специфичните интереси во дејноста.
Во Групацијата членуваат околу 20 акредитирани правни лица репрезенти од овие дејности, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана сооваа област.
⮞ Сашо Стојмановски, Претседател, ТЕХНОИНСПЕКТ, Скопје
⮞ Борче Стојчевски, Заменик претседател, ПРОРИСК, Скопје