„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пасиштата, по скратена постапка

30.05.2023

Целта што сака да се постигне со донесувањето на измените и дополнувањата на овој закон е поцелисходно и порационално искористување на пасиштата како добро од општ интерес, а сето тоа во насока на поефикасно остварување на целите на земјишната политика и на националната земјоделска политика
Во членот 10 по ставот 2 се додаваат три нови става 3 ,4 и 5 кои гласат: „На пасиште може да се градат објекти за примарна обработка на земјоделски производи наменети за одгледување на добиток, за преработка на сточарски производи и за ветеринарно здравство. Изградбата на објектите за примарна обработка на земјоделски производи наменети за одгледување на добиток, за преработка на сточарски производи и за ветеринарно здравство се врши согласно постапката пропишана во членовите 51-а и 51-б од Законот за земјоделското земјиште. За изградба на објекти од став 3 на овој член на пасишта во границите на заштитените подрачја потребно е пред издавање на одобрението за градење да се спроведе оценка на влијанието на животната средина согласно Законот за шивотна средина.“
Текст на