„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Нацрт закон за изменување на Законот за просветната инспекција, надлежно е Министерство за образование и наука

31.07.2024

 Цели на предлог регулативата:

Измените во Законот за изменување на Законот за просветната инспекција се вршат со цел усогласување со целите и начелата во усогласување со член 28 точка 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/2024).

Со предвидените измени и дополнувања се очекува Државниот просветен инспекторат да обезбеди поголема ефикасност во своето работење, со што ќе изврши влијание врз квалитетот на образованието во Република Северна Македонија.