„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Системот за сува градба опфаќа гипс картон плочи, прегради, монолитни плафони, системи за противпожарна заштита, акустични решенија за звучна изолација, системи за заштита од штетни зрачења и слично. Предностите на сувомонтажните системи се, пред сe, напредните својства од градежната физика, т.е. звучната и термичка изолација, огноотпорноста на системите, механичката стабилност и друго.
Градбата со сувомонтажни системи со гипсени плочи зазема сe позначајно место во објектите кои се градат во нашата земја. Тие се составен дел од секој современ станбен, деловен објект, хотел, болница, училиште или каков и да било друг објект. Се вградуваат од подрум до кров, од под до плафон, кај новоградбите, како и при адаптација и санација на постојните објекти.
Групацијата на сува градба е формирана на 23.5.2007 година, со цел организирано делување на фирмите кои вршат производство и монтажа на производи за сува градба и поттикнување на донесувањето на прописи од оваа област, кои се неопходни при работењето на фирмите, како и со цел да се подигне квалитетот при проектирањето и вградувањето на сувомонтажните системи.
На седницата одржана на 28.01.2014 година, избран е Управен одбор на Групацијата на сува градба, составен од (7) седум члена, и тоа:
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Сувата градба во Македонија поинтензивно се применува од 1994 година, кога со отварањето на преставништвото во Скопје, Кнауф почна со развој и информирање на пазарот. Сувата градба пред тоа не беше многу застапена, а истовремено не постоеја ниту публикувани нормативи ниту пак школувани монтери.
Една од стратешките цели на Групацијата е поттикнување и подготовка на потребната документација која ќе биде основа врз која во иднина ќе може да се изработи прецизна калкулација и ќе се намали можноста за грешка. Важно е да се изработат македонски нормативи за работа, да се усвојат македонски називи за поедини системи за сува градба, како и да се дефинираат описните текстови со што ќе се поедностави мерењето на извршената работа.
Групацијата за сува градба треба да создаде услови за подигнување на општите вредности и угледот на оваа важна област во градежништвото. Затоа е важно во активностите на Групацијата да се вклучат поголем број на фирми од оваа област, кои со своето учество ќе придонесат за поефикасна работа и побрзо остварување на зацртаните цели.
⮞ Иван Слафкоски, Претседател, ЛИМП-ИНГ, Скопје
⮞ Коле Битровски, Заменик претседател, ОМЕГА, Скопје
⮞ Блажен Зотовски, КНАУФ РАДИКА, Дебар
⮞ Зоран Ширков, ЗОКИ МОЛЕРОТ, Кавадарци
⮞ Никола Теохаров, НИКО ГИПС, Тетово
⮞ Филип Спасовски, ФИЛИП ПРИМА ЕКСКЛУЗИВ, Скопје
Седница на Групацијата на сува градба - 28.1.2014 година
- Kодекс на етичко однесување во работењето на правните субјекти од дејноста на сува градба
- Правила за организацијата и начинот на работа на Групацијата за сува градба
- Одлука за избор на членови на Управниот одбор, претседател и потпретседател на Групацијата за сува градба
Седница на Управниот одбор на Групацијата за сува градба - 19.10.2008 година
Седница на Управниот одбор на Групацијата на сува градба - 31.10.2007 година