„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Коморскиот инвестициски форум е основан од страна на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан (Стопанската комора на Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) со цел да се интензивира соработката помеѓу коморите во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.
Коморскиот инвестициски форум е основан со имплементацијата на заклучоците од „Берлинскиот процес“, преку јакнењето на регионалната соработка, на 27 август 2015 година, во Виена, за време на одржувањето на Виенскиот самит, со што се потенцираше намерата за активно вклучување на националните стопански комори во реализацијата на конкретните цели од овој процес. Во јули 2017 година е отворена канцеларијата на Генералниот секретаријат на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст, а во февруари 2019 година е отворена и регионална канцеларија на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Подгорица. Овие две канцеларии служат како главна поддршка во регионот задолжени за реализација на заеднички проекти на шесте комори.
Коморскиот инвестициски форум, како платформа на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, зема активно учество во процесите на имплементација на проектите кои се од важност за економскиот просперитет на земјите од Западен Балкан и е еден од носечките чинители за имплементација на Повеќегодишниот акциски план за регионална економска област. Активностите на Коморскиот инвестициски форум се насочени кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот со поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, но и пошироко, преку зголемена регионалната економска соработка, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање агенда за дигитална интеграција.
Заедничките активности на коморите се заокружија во Трст со отворање на канцеларијата на постојаниот секретаријат на КИФ, кој е биде главна поддршка на бизнис заедницата во регионот задолжена за реализација на заеднички проекти, кои ќе станат дел од повеќе годишниот план за создавање регионална економска област на Западен Балкан. Овие проекти е планирано да условат подигнување на нивото на инвестиции, конкурентност, слободно движење на работната сила.
Активностите преку проектите кои ќе бидат имплементирани преку Коморскиот инвестициски форум се базираат на неколку клучни прашања:
- Зголемување на конкурентноста на компаниите од регионот, преку заедничко учество на саеми и други настани од меѓународен карактер, креирање на заеднички производи и ланци на снабдување, и заеднички настап на трети пазари;
- поддршка на процесот на дигитална трансформација на компаниите, преку сертифицирање на консултанти за дигитализација;
- креирање на услуги приспособени на потребите на извозните компании;
- воведување на системот на дуално образование, во насока на обезбедување на квалификуван кадар согласно потребите на компаниите, и обезбедување на услови за регионална мобилност.
Коморскиот инвестициски форум, со поддршка на Европската Банка за обнова и развој, ја подготви Регионалната инвестициска платформа (www.investinsee.com), на која може да се добијат сите потребни информации поврзани со условите и поволностите за инвестирање, но и да се обезбедат одговори на конкретните прашања на бизнис заедницата заинтересирана за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да се инвестира. Платформата, помеѓу останатото, содржи Правна и даночна база на податоци, во која се содржани детални информации, кои може да се од интерес за инвеститорите кои сакаат да започнат активности во некоја од земјите од Западен Балкан – вклучувајќи ги помеѓу другото прашањата за регистрација на трговско друштво, пазарот на капитал, јавните набавки, вработувањето, даночниот и царинскиот режим, визниот режим и обезбедувањето на работни дозволи за странци, решавањето на споровите, правната рамка која се однесува за заштита на инвестициите.
18.09.2024
Студијата за трансформација на економиите на Западен Балкан преку приближување на странските инвестиции и декарбонизација на компаниите е изработена во текот на 2024 година во рамките на Про...
09.02.2024
На 8 февруари 2024 година во Приштина се одржа Регионалниот координативен состанок на Западен Балкан, Revolve to Evolve - Go Circular. Состанокот организиран од Коморскиот инвестициски форум...
09.02.2024
„Новиот План за раст претставува нова пресвртница во пристапот на ЕУ кон економиите на Западен Балкан, ветувајќи отворање дополнителни можности за пристап до единствениот пазар на ЕУ з...
10.03.2023
Денови на технологија и деловна соработка 2023 година ;Technology & Business Cooperation Days 2023” https://technology-business-cooperation-days-2023.b2match.io/ 04– 06 ап...