„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групација за производство, откуп и преработка на млеко

Во Групацијата на производство откуп и преработка на млеко членуваат правни лица чија основна дејност е откуп, производство и пласман на млеко и млечни производи.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните институции и органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали за процесот на производство;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Ѓорѓи Петрушев-Млекара Битола АД, Битола


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКТОРОТ МЛЕКАРСТВО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Земјоделско-прехранбениот сектор е еден од клучните сектори на македонската економија или трет значаен сектор по индустријата и услугите со учество од 18% во БДП, од кое учеството на земјоделството изнесува околу 12%, а прехранбената индустрија учествува со 6% во БДП.
Производството на храна во секоја земја е од стратешки интерес. Поради тоа организирањето на производителите на храна и застапувањето на нивните интереси во функција на обезбедувањето и унапредувањето на производството на храна е од посебно значење.
Околу половина од територијата на земјата припаѓа на земјоделско земјиште, од кои 44% се обработливо земјиште, а 56% се пасишта.
Република Македонија располага со значајна суровинска база од примарното земјоделие, што е основа за развој на земјоделско-преработувачкиот сектор.
Индустријата на млеко и млечни производи е еден од најважните сегменти од агроиндустрискиот комплекс, а нејзините производи спаѓаат во групата прехранбени производи кои заземаат значаен дел од вкупната потрошувачка на храна кај просечното македонско семејство.
Производството на млеко и млечни производи во Република Македонија има своја традиција, кон што особен придонес дава разновидноста на географските обележја, што од своја страна придонесува за разновидност на видовите и рецептурите на млечните производи. За подобар квалитет на производите потребно е да се обезбеди производство на квалитетно млеко. Ова има особено значење ако се има во предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ – каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на млеко-производството и млечните производи.
Производството на млеко во Република Македонија се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 – 3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 3% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри).

БРОЈНА СОСТОЈБА НА ДОБИТОКОТ ВО РМ 2006-2018 ГОДИНА

Година
говеда
овци
Вкупно
Крави и стелни јуници
Вкупно
Овци за приплод
2006
255 430
164 013
1 248 801
858 684
2007
253 766
143 217
817 536
551 379
2008
253 473
147 519
816 604
587 625
2009
252 521
128 628
755 356
521 524
2010
259 887
124 553
778 404
536 528
2011
265 299
164 537
766 002
545 693
2012
251 240
161 070
732 458
520 126
2018
241 607
155 432
740457
531 160

Млекарското производство се карактеризира главно преку ниската продуктивност , недооформениот систем за одбележување кое го усложнува следењето и сузбивањето на болестите кај домашните животни, кое секако во голем степен влијае врз квалитетот и безбедноста на млекото. Исто така треба да се истакне дека во сферата на примарното производство и понатаму основен проблем е обезбедувањето на ефтина добиточна храна, посовремени услови на одгледување, подобрување на расниот состав на добитокот, подобрување на микробиолошкиот квалитет на млекото и др. Со ваков квалитет млекото доаѓа во млекарите каде проблемите продолжуваат. Специфичниот начин на производство, испорака и транспорт на млекото го отежнува спроведувањето на концептот за контрола на млекото, а самиот начин на контрола е прилично скап.
Голем број на млекари не ги исполнуваат основните хигиенско санитарни услови, а не ретко се среќаваме и со нерегистрирани преработувачки капацитети. Постои непочитување на веќе постоечките стандарди и процедури за правилна технолошка постапка, немање на соодветна контрола на влезниот материјал, како и контрола во сопствениот погон во однос на квалитетот и безбедноста на производите.Анализата направена според официјалната статистика за период 2005-2015 година, покажува дека количината на вкупно откупеното млеко (кравјо и овчо) во 2018 година во споредба со 2009 година е намалено за 24,1%, а во однос на 2005 година намалено е за 32,4%.

ОТКУП НА МЛЕКО ЗА ПЕРИОД 2005-2018 ГОДИНА

Година
Вкупно откупено млеко (кравјо и овчо) во илјада литри
Вредност на вкупно откупено млеко (кравјо и овчо) во илјада денари
2005
165,899
2.008.218
2006
144,910
1.870.901
2007
106,799
2.003.552
2008
100.602
2.551.479
2009
110.566
1.882.901
2010
86,347
1.494.104
2011
100.821
2.565.789
2012
101.265
2.296.523
2018
105.996
3.125.000

Следејќи ја анализата за факторите кои доведуваат до вакви состојби, ја наметнуваат потребата од интервенции во примарното производство со воведување на стандарди со кои се детерминираат основните услови на одгледување на добитокот (добра фармска пракса), генерални правила за хигиена во примарното производство, како и ревидирање на започнување со спроведување на системот за плаќање на суровото млеко врз основа на квалитетот, донесен во февруари 2002 година. Со тоа ќе се овозможи строго контролирано производство на суровото млеко, кое треба да биде откупувано од преработувачките капацитети, врз база на взаемни договори со предходно детерминирани услови, одредени права и одговорности од двете партнерски страни.
Вкупното производство на млеко покажува тренд на опаѓање. Произведеното млеко се употребува за: потрошувачка во свежа состојба или преработено во јогурт, кисело млеко, павлака, сирење, урда и кашкавал.

ВКУПНО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО - во илјади литри

Вкупно производство
2007
2009
2011
2018
1. Кравјо млеко
373.706 (2.880л/молзна крава)
342.622 (3.004л/молзна крава)
347.103 (2.787л/молзна крава)
387.008 (3.053 л/молзна крава)
2. Овчо млеко
35.473 (66л/молзна овца)
32.934 (69 л/молзна овца)
32.157 (60 л/молзна овца)
35.661. 74л/молзна овца
3. Козјо млеко
28.989
19.386
15.074
15.023
Вкупно (1+2+3):
438.168
394.942
394.334
438.233

ИЗВОЗ/УВОЗ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Година
ИЗВОЗ
УВОЗ
Количина во тони
Вредност во САД $
Количина во тони
Вредност во САД $
2007
3,524,439
3,845,287
22,649,923
30,599,560
2008
4,390,379
8.712.387
19.415.319
38.630.366
2009
2.203.974
5.253.515
26.441.381
37.985.684
2010
3.274.670
7.387.682
25.132.352
36.853.570
2011
3.727.166
9.904.373
31.472.780
52.515.519
2012
3.878.254
9.863.601
38.804.369
52.407.890
2018
5.602.300
11.402.658
36.459.259
50.326.948

Република Македонија е нето увозник на млеко и млечни производи. Главни земји увозници на млеко и млечни производи се: Словенија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Република Чешка, Република Бугарија, Грција, Франција.

⮞ Ѓорѓи Петрушев, Претседател, МЛЕКАРА АД БИТОЛА, Битола

⮞ Александар Треневски, НЕСТЛЕ АЈС КРИМ, Скопје

⮞ Анита Спасовска, БУЧЕН КОЗЈАК, Куманово

⮞ Бранко Мустачки, Млекара НАТАША, Пехчево

⮞ Љупчо Јовановски, ЈОКА, Струмица

⮞ Мусет Сулемани, Шар-продукт, Тетово

⮞ Тодор Донев, ПРОГРЕС, Чешиново Облешево

⮞ Хајдари Садри, Млекара Хит 73, Тетово

ЗАКЛУЧОЦИ И КОНСТАТАЦИИ

1. Неповолните состојби во млекопроизводството, изострени главно од отежнатиот пласман на преработките од млеко, што го лимитира редовниот откуп на сурово млеко, налагаат итни мерки и активности од сите надлежни субјекти во земјата. Со цел одржување континуитет во откупот и итно изнаоѓање соодветно решение, неопходно е преставници на производителите на сурово млеко итно да остварат средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

2. Производителите на сурово млеко и млекарниците се залагаат за перманентна контрола на квалитетот на млекото и млечните преработки, како на домашните, така и на увозните, од страна на надлежните инспекции.
Фармерите укажуваат и бараат редовна контрола и на сточната храна, чиј квалитет е главен услов за квалитетно сурово млеко (суви материи, масти и др.).

3. Неопходно е пазарната инспекција максимално да се ангажира во спречувањето на нелегалното внесување млечни преработки, кои се продаваат и на зелените пазари, а на многу од нив се ставени декларации (лажни) од домашни преработувачи.

4. Загрижува легалниот увоз на млеко и преработки од млеко, согласно договорите за слободна трговија, од аспект на повисокиот степен на конкурентност на домашното производство. Но, многу повеќе загрижува фактот што се увезуваат количини и над утврдените квоти, кој увоз и со платени увозни давачки, е со пониски пазарни цени од домашните производи.

Повисокиот степен на конкурентност на увезените количини со платени увозни давачки, условен од системските субвенции во земјите извознички (дирекна подршка на фармерите, премиии за откупено млеко, извозни рефундации и други), во отсуство на истите системски мерки кај нас, преставува нелојална конкуренција за домашните производители. Наведеното налага потреба од:

- преземање на заштитни мерки (компензаторска царина) во висина на субвенциите кај земјите-увознички, согласно Законот за трговија, за што е потребно итно да се донесат подзаконските акти и се утврди постапката за таа намена;
- имајќи предвид што ЕУ и сите земји во регионот ги имаат наведените системски мерки, со цел одржување и развој на оваа гранка, нужни се истите системски мерки и во нашата земја (регрес на сточната храна, премија за откупеното млеко, покривање на трошоците за здравствена заштита)

При тоа, откупната цена на суровото кравјо млеко за фармерот да изнесува околу 18ден/литер, а со системските мерки цената на суровото млеко за млекарниците да се сведе на 14-15 ден/литар. Тоа ќе услови намалување на цените на млечните преработки, односно ќе се создадат услови за постигнување на повисок степен на конкурентност на преработките на млеко, на домашниот и на странскиот пазар.

5. Со цел обезбедување квалитет, императив е нов Правилник за квалитет на млекото и преработките од млеко, согласно регулативата на ЕУ (се' уште се работи според Правилникот од СРЈ од 1982 година), за кое донесување Групацијата инсистира уште пред три години.


Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: [email protected]