„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
Во Групацијата на живинарство членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на јајца.
Основни задачи на Групацијата се:
претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството;
заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.
Претседател на Групацијата е Абдулезел Догани-Везе Шари, tetovo
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ЖИВИНАРСТВОТО
Живинарската индустрија, која главно е фокусирана на производство на јајца, во текот на последните дваесет години постојано се намалува, иако приватните индивидуални фарми ја зголемуваат оваа активност во овој сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика за периодот 2000-2018, просечниот годишен број на живина во Македонија беше околу 2.85 милиони. Во предметниот перод, постои намалување на бројот на несилки кој не влијае на производството на јајца, поради зголемената продуктивност (соодветна околина, раководење и опрема, и т.н).
Производството на јајца е примарна активност на македонската живинарска индустрија. Истата може да биде на три различни нивоа. Има големи фарми (околу десет од нив, кои чуваат околу 37% од вкупниот број на несилки, во просек 80-100 илјади несилки по фарма и просечно производство од преку 300 јајца/кокошка/годишно), многу средни фарми во фамилијарна сопственост (кои одгледуваат околу 63% од несилките, со просечен капацитет од 2-5 илјади по фарма, со просечно производство на 108 јајца/кокошка/годишно) и живина која се чува на домашните дворови. Производството на јајца во Македонија е доволно за нејзините потрошувачки потреби.
Специјализираното производство на бројлери е во рана фаза на развојот, но добива позиција на пазарот и покрај големиот увоз на замрзнато пилешко месо кое ги намалува цените на домашниот пазар. Производството е организирано во големи фарми од индустриски тип, и околу 30 помали приватни фарми на кооперативен принцип со производство од 6% (1.000 тони/годишно) од пазарната побарувачка за свежо пилешко месо. Интегрираното договорно производство во производството на месо од живина е започнато. Сепак, во земјата постојат само две кланици (со вкупен капацитет од 2 милиони птици годишно), што го ограничува развојот на производството на бројлери. Иако домашното производство на пилешко месо бележи брз пораст во последната деценија, покрива само 20% од домашната побарувачка. Увозот на пилешко месо претставува најголем дел од вкупниот увоз на агро-прехранбени производи. Во 2018 околу 25 илјади тои беа увезени (или 37,6% од вредноста на увозот на месо и месни производи (во вредност од €21,1 милиони во 2005), главно замрзнато пилешко месо за преработувачката индустрија) од САД (30%), Словенија (18%), Кина (14%) и ЕУ-15 (13%).
Во Република Македонија има увоз помеѓу 300 и 500 илјади еднодневни пилиња, исто толку 12 до16 недели стари јарки со вкупен износ од €180 до 300 илјади за еднодневни пилиња, и €1 дo 2 милиони за јарки. Главните цели на претходните мерки на политиката на жининарската индустрија беа развивање на индустријата за бројлери преку поддршка на фарми за одгледување на родителски јата за продажба на еднодневни пилиња (бројлери и несилки) и товни бројлери кои се продаваат на кланици.
Интересен развој во живинарската индустрија е неодамнешниот развој на нови активности, како што е одгледувањето на ноеви. Моментално постојат преку 45 фармери кои одгледуваат ноеви, и вкупното производство во последната година е проценета на 800 ноеви. Со релативно ниска вредност на постоечката инвестиција (€2.000-4.000 по семејство), солидните приходи и осигураниот пласман на производството на договорна основа, фармското производство на овие птици, иако е во првата фаза на својот развој, обезбедува добри можности како профитабилна алтернатива за диверсификација на постоечките земјоделски активности.
⮞ Вили Ќичуков, Претседател, ВЕТЕРИНАР, Гевгелија
⮞ Васил Зајков, ФАРМА-Агрипро, Валандово
⮞ Иџет Абдурахмани, ЛЕЦКЕР, Тетово
⮞ Јусуф Зеќири, Вени ком, ТЕТОВО
⮞ Љубомир Дренковски, АБС Пилко, Скопје
⮞ Тони Ставрески, ВЕЗЕ ШАРИ, Желино
⮞ Христијан Петрески, АГРОИНВЕСТ, Прилеп
ИНИЦИЈАТИВА за укинување на увозните давачки за приплодни јајца од Европска Унија
Согласно постоењето на царинска стапка при увоз на приплодни јајца од Европска Унија, во висина од 30%, би сакале да го изнесеме нашето мислење , односно причините зошто треба да се укине ова царинска стапка за приплодните јајца од ЕУ под тарифен број 040700
Нелогичност да постои царина за приплодни јајца од ЕУ, а да не постои царина за еднодневни пилиња од ЕУ кои се производ добиен од приплодните јајца;
Приплодни јајца во Македонија никој не произведува освен Жи-Ва јајце, во чиј склоп работи и единствениот репро центар и нкубаторска станица во Република Македонија , воедно и ние го потикнуваме ова прашање за намалување на царината бидејќи како единствен призводител не сме засегнати;
Во Македонија отприлика се увезуваат околу 400 000 еднодневни пилиња за јајца и 600 000 еднодневни пилиња (бројлери) за месо, овој број на пилиња би бил значајно поголем со укинувањето на царинската стапка од ЕУ, бидејќи истите би се набавувале на домашниот пазар по пониски цени а со тоа ке има помали девизни одливи од земјата;
Со постоењето на ова царинска стапка од 30%, ние сме принудени да увезуваме приплодни јајца од земјите членки на ЦЕФТА а не од ЕУ каде што цените на приплодните јајца се значајно повисоки од еврпските а со самото тоа имаме неконкурентен производ- пиле по повисока цена кое тешко можеме да го пласираме на пазарот;
Со укинувањето на царинската стапка ке можеме да увезуваме приплодни јајца по пониска цена , со што ке додадеме додатна вредност преку производство на конкурентно пиле бидејки очекуваме истите да ги извезуваме во Косово и Албанија;
Со укинувањето на ова царинска стапка, буџетските приходи нема да се намалат бидејќи:
- Увоз на приплодни јајца од ЕУ нема, а согласно тоа нема приходи;
- Од земјите од ЦЕФТА нема царина нема и приходи;
Туку буџетските приходи ке се зголемат бидејќи со укинувањето на царинската стапка ке се допринесе за поголемо производство, нови вработувања, повеќе даноци, зголемен извоз а со тоа и зголемен девизен прилив за земјата.
Крајната цел ни е преку освојување на пазарот да создадеме обем на работа за купување на родителски парови за производство на приплодни јајца(бројлерски) а со самото тоа развој на бројлерското производство во Република Македонија.