„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групација на производители на алкохолни, безалкохолни пијалоци и води

Во Групацијата за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на сокови и безалкохолни пијалаци, пиво и вода.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Кирчо Стојанов-ПИВАРА СКОПЈЕ АД, Скопје


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Групација на производители на алкохолни, безалкохолни пијалоци и води

Во Групацијата за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на безалкохолни пшијалоци, сокови, пиво и вода..

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Кирчо Стојанов-ПИВАРА СКОПЈЕ АД, Скопје

⮞ Кирчо Стојанов, Претседател, ПИВАРА СКОПЈЕ, Скопје

⮞ , ГОРСКА ДООЕЛ Скопје, Скопје

⮞ Деан Панделески, ПЕЛИСТЕРКА, Скопје

⮞ Димитар Јосифовски, ВИВАКС, Скопје

⮞ Златевски Љубиша, НЕНИКО, Гостивар

⮞ Зора Милошоска, СЛОВИН БИЉАНА, Охрид

⮞ Јасмина Петрова, ФРУКТАЛ МАК, Скопје

⮞ Марија Костуранова, ГРОЗД, Струмица

⮞ м-р Јанинка Чупарковска, КОЖУВЧАНКА, Кавадарци

⮞ Сашко Самарџиоски, ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА, Прилеп

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРОМЕНА ОДНОСНО ДОПОЛНА НА НЕКОЛКУ ЧЛЕНОВИ ОД “ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ПИВОТО” ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ БР.128/2010

1. Членот 4 од споменатиот Правилник гласи

Пивото се пушта во промет како:
1) светло или темно пиво со содржина на екстракти во основната сладовина преку 10% (м/м) (стандардни, специјални или регионални пива). Ова пиво се означува и со содржина на екстракти во основната сладовина;
2) лесно пиво со содржина на екстракти во основната сладовина под 10 % (м/м). Ова пиво се означува со енергетска вредност од максимално 120 кЈ/100г;
3) безалкохолно пиво со содржина на алкохол максимално 0,5% (В/В). Ова пиво се означува и со содржина на алкохол;
4) диетално пиво со содржина на јаглени хидрати и максимално 0,75 г/100 г и со содржина на алкохол максимално 4,0% (В/В). Ова пиво се означува и со содржина на јаглени хидрати и
5) пченично пиво, бистро или со содржина на пивски квасец, произведено со учество на најмалку 50% (м/м) пченичен слад.
Видовите пива од став 1 на овој член можат да се пуштаат во промет и како нефилтрирано пиво.

Предлог Членот 4 да гласи

Пивото се пушта во промет како:
1) Пиво, кое содржи од 5-13.5%м/м екстаркт во основна сладовина
2) Специјално пиво, кое содржи од 13.5-16%м/м екстаркт во основна сладовина
3) Јако пиво, кое содржи повеќе од 16%м/м екстаркт во основна сладовина
4) Лесно пиво кое содржи максимум 3% в/в алкохол
5) Безалкохолно пиво, со содржина на алкохол максимално 0,5% (В/В). Ова пиво се означува и со содржина на алкохол;
6) Диетално пиво, со содржина на јаглени хидрати и максимално 0,75 г/100 г и со содржина на алкохол максимално 4,0% (В/В). Ова пиво се означува и со содржина на јаглени хидрати и
7) Пченично пиво, бистро или со содржина на пивски квасец, произведено со учество на најмалку 30% (м/м) пченичен слад.
8) Пиво ферментирано со примена на мешани микробни култури

После Член 4, да се додаде Член 4а кој ќе гласи

Пивото во смисла на Член 4 од овој Правилник може да биде со светла или темна боја, а името на производот се надополнува со зборовите:
- светло, со интензитет на боја до 15 ЕБЦ
- темно, со интензитет на боја од 16-40 ЕБЦ
- црно, со интензитет на боја над  40 ЕБЦ

После Член 4а, да се додаде Член 4б кој ќе гласи

Пивото кое се става во промет, а е произведено со посебна технолошка постапка, заради која е матно и со талог, во името на производот мора да го содржи зборот  “матно”.
Пивото кое се става во промет како нефилтрирано, во името на производот мора да го содржи зборот  “нефилтрирано”.

Образложение за предложените промени во Член 4 и додадените Членови 4а и 4б:

Наведената класификација во Член 4 не ги опфаќа сите видови пиво што постојат и не е доволно јасна, бидејќи користи мешавина од различни параметри во дефинирањето на критериумите за поделба на пивото.

Со предложената промена на Член 4 и дополнителните членови 4а и 4б кои се направени врз база на Хрватскиот правилник за пиво - “Правилник о Пиву” 142 09.12.2011 и Српскиот Правилник за пиво “Правилник о квалитету и другим захтевима за пиво” - "Слуzбеном листу СЦГ", бр.36/2004 и 39/2005 - Република Србија, се добива потполна и јасна класификација на сите видови пива што постојат.

2. Членот 7 од споменатиот Правилник гласи :

Пивото во оригинално пакување не треба да се држи на места изложени на директна сончева светлина и влијание на топлина
Пивото во текот на прометот се чува на температура од 5 – 150Ц

Предлог  Членот 7 да гласи

 Пивото во оригинално пакување во тек на складирање и промет треба да се чува на темно и ладно место заштитено од: замрзнување, директна сончева светлина и непосреден извор на топлина.

Образложение:

Во текот на производството на пивото, во фазата на филтрацијата на пивото се врши филтрација и ПВПП стабилизација на пивото при што со посебно дизајнирани филтри пивото технолошки се обработува и се зголемува неговата хемиска и небиолошка трајност и стабилност. Ова надополнето со биолошката стабилизација преку пастеризацијата во текот на точењето ја  зголемува трајноста и отпорноста на пивото на промените и влијанијата на надворешните температури.
Согласно упатствата од компанијата Хеинекен, еден од 3-те најголеми светски производители на пиво и е присутна во повеќе од 170 земји во светот, во “Хеинекен Љуалитѕ ин Дистрибутион Мануал” ХМЕСЦ: 01.41.09.101 Дате: Јануарѕ 2007 Иссуе: 01” нагласува : “пивото треба да се складира во услови кои ќе спречат негово замрзнување ”

Би напоменале дека во Правилникот за Квалитет на пиво на Република Србија “Правилник о квалитету и другим захтевима за пиво” (Србија) во членот 5 пишува “Пивото во промет мора да се складира на начин да се зачува квалитетот до наведениот рок на употреба, и несмее да биде изложено на сончеви и ултравиолетови зраци и непосреден извор на топлина”
Барањето пивото во промет да се чува на температуре од 5 – 150Ц е невозможно да се исполни бидејќи тоа би значело дека пивото мора да се транспортира исклучиво со камиони ладилници и во продажните објекти да се чува во магацинки простор ладилник. Според нашите сознанија ваква пракса нема во ниедна земја во светот.

3. Членот 6 од споменатиот Правилник гласи:

Од означената содржина на екстракти во основната сладовина отстапувањето може да изнесува до 0,2%.
Од означената содржина на алкохол кај безалкохолното пиво остапувањето може да изнесува 0,2%.

Предлог Членот 6 да се дополни со следниот текст:

Од означената содржина на екстракти во основната сладовина отстапувањето може да изнесува до 0,3 процентни поени.
Од означената содржина на алкохол кај безалкохолното пиво остапувањето може да изнесува 0,2% вол
Од означената содржина на алкохол кај пивото отсапувањето може да изнесува:
- Пиво кое има најмногу 5,5% алкохол,  +/- 0,5% вол.
- Пиво кое има повеќе од 5,5% алкохол,  +/- 1,0% вол

Образложение:

Да стои процентни поени наместо % заради поголема прецизност, да не се толкува дали значи процент од процент или станува збор за +/- 0,3 на декларираната основна сладовина и заради истата горенаведена причина, неопходно е да стои „вол” после дозволенот отстапување во содржината на алкохол кај безалкохолното пиво.

Во правилникот дефинирано е дозволено остапување само кај безалкохолното пиво, а во Член 25 од Правилник за начинот на означување на храната: Службен Весник на РМ Бр. 118 од 2005 дадени се дозволени отстапки за сите видови на пива.

4. Предлагаме да се додаде нов член:

Во пивото дозволено е додавање на ароми, растителни екстракти и други состојки кои имаат одредени хранливи и физиолошки вредности.
 Дозволено е мешање на пивото со овошни сокови, овошни бази, овошни нектари, концентрат од овошје, освежителни безалкохолни пијалаци, вино, овошни вина и алкохолни пијалаци.
Во случај да се работи на мешавина на пиво и друг вид на пијалак, дозволената рН вредност е 2,8 до 4,8.
Додатокот во пивото мора да се наведе во името на производот, така што името на производот ќе гласи “Мешавина од пиво и...........” зад што следи името на употребениот додаток.

Образложение:

Во Република Македонија не постои правилник кој ги регулира пијалаците кои се мешавина од пиво и други пијалаци а додека во светот тренд е да се произведуваат ваков вид на пијалаци
Би напоменале дека овој дел од текстот на членот е превземен од Хрватскиот правилник за пиво - “Правилник о Пиву” 142 09.12.2011 и дополнет со Српскиот Правилник за пиво  “Правилник о квалитету и другим захтевима за пиво” - "Слуzбеном листу СЦГ", бр.36/2004 и 39/2005 - Република Србија

5. Предлог за измена на Член 14

Текстот на член 14 гласи (последниот пасус) :
..... Мострата за анализа и супер анализа се чува согласно член 8 од овој правилник .
Мислиме дека се работи за печатна грешка бидејќи членот 8 се однесува за апарати за точење на пиво  од буре, и најверојатно изготвувачот  сакал да се повика на член 7 од правилникот.

Најискрено се надеваме дека ќе ги земете во предвид и ќе ги уважите нашите забелешки за постоечкиот правилник. Доколку е потребно било какво дополнително објаснување од наша страна стоиме на располагање за работна средба.

Исто така Ве молиме при изработката на нова или промена на постоечката законска легислатива поврзана со производство и дистрибуција на пиво, да биде консултирана Групацијата на производители на алкохолни, безалкохолни пијалаци и води, при Стопанската Комора на Македонија во која членуваат најголемите производители на пиво во Република  Македонија.

РЕФЕРЕНТНИ ДОКУМЕНТИ :

- “Правилник о Пиву” 142 09.12.2011 – Република Хрватска
- “Правилник о квалитету и другим захтевима за пиво” - "Службеном листу СЦГ", бр.36/2004 и 39/2005 - Република Србија
- Правилник за начинот на означување на храната: Службен Весник на РМ Бр. 118 од 2005


Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: [email protected]