„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Групација на мелничко пекарската индустрија

Во Групацијата на Мелничко - пекарската индустрија членуваат правни лица чија основна дејност е производство на леб, пецива и други производи кои ги опфаќа оваа индустриска гранка.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и материјали за процесот на производство;
- заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Горан Малишиќ - Агроглобал трејд, Скопје


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО МЕЛНИЧКО ПЕКАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

Остварено производство на пченица во производната 2018 година

Житните култури учествуваат со 41% во вкупната површина под ораници и бавчи. Производството на пченица учествува со 51% во вкупното производство на жита и се одвива на површина од околу 100.000 ха (просек 1995-2009).

Во производната 2017/2018 година, во Република Македонија жетвата на пченицата се одвиваше на вкупно 93.830 ха или за 1,6% помала површина во однос на минатата производна година (95.400 ха).

Засеаната површина под пченица изнесува околу 37% од вкупно засеаните површини во 2017/2018 година, што претставува намалување за околу 4% во однос на просекот за период 1995-2009 година.

Во зависност од климатските, рељефните и почвените карактеристики на одредени производни реони, како и можностите за искористување на расположивите водни капацитети од хидросистемите, се оствари просечен принос од 3,2 тони на хектар, што претставува зголемување за околу 10% во однос на остварениот принос во 2017 година (2,9 т/ха).

Производството од реколта 2018 година, изнесува 301.335 тони, односно за околу 20.730 тони (или 7%) поголемо производство од реколта 2017 година.

Процена на потреби од пченица во пазарната 2017/2018 година

Вкупните потреби од пченица на мелничко-пекарската индустрија за производство на брашно и пецива изнесуваат околу 300.000 тони годишно или 25.000 тони/месечно.

Потребите од семенски материјал за сеидба се околу 20.000 тони, а потребите за добиточна исхрана се околу 30.000 тони.

Вкупната понуда од 223.000 тони (остварен откуп од домашно производство околу 78.000 тони, залиха 45.000 тони и од увоз 100.000 тони пченица и брашно, просек за период 2006-2010 година).

Имајќи ги во предвид вкупните потреби на мелничката индустрија од околу 300.000 тони и понудата од околу 223.000 тони, се проценува недостаток од околу 77.000 тони.

Состојба со откупот на пченица од 2018 година и споредба со период 2000-2018 година.

Заклучно со 2018 година од страна на мелничките претпријатија откупени се околу 78.000 меркантилна пченица што претставува 26% од домашното производство оваа година. Во споредба со минатогодишниот откуп откупот е зголемен за околу 2.500 тони. Меѓутоа, во споредба со десетгодишниот просек (110.000 тони) претставува намалување за околу 32.000 тони.

Исто така, може да се забележи и намалување на жетвената површина, за околу 6.000 хектари, а од друга страна зголемување на вкупно оствареното производство поради зголемување на просечните приноси од единица површина за 10-20%.

Истовремено, во период 2007-2018 година откупот на меркантилната пченица има тенденција на постојано опаѓање, а увозот се зголемува.

Увоз на меркантилна пченица и брашно за период 2007-2012 година (ВО ТОНИ)

  2007 2008 2009 2010 2018
меркантилна пченица 44.142 39.737 50.065 55.765 71.300
брашно (претворено во пченица) 61.968 40.119 71.577 63.054 43.000
Вкупно 106.110 93.952 121.642 118.819 114.000
ПРОСЕК 2007-2015 110.130        

Во период 2007-2018 година увозот на меркантилна пченица и брашно изнесува во просек 110.130 тони, што претставува 32% од вкупните потреби на мелничката индустрија.

⮞ Босилка Тошевски, ПОВАРДАРИЕ-ШПЕДИЦИЈА МЕЛНИЦА ДЕКАМЕЛ, Неготино

⮞ Весна Белешовска Бунтевска, ПЕЛАГОНИЈА ЗК, Битола

⮞ Драган Митевски, ЖИТО ПОЛОГ, Тетово

⮞ Стојановски Кокан, КОКИ-ЛУКС, Свети Николе

БАРАЊЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДАВАЧКИ ПРИ УВОЗОТ НА БРАШНО

Групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, на состанокот одржан на ден 27.09.2011 година расправаше за актуелните состојби во снабдувањето на пазарот со пченица. Притоа, присутните акцентот го ставија на очекуваниот увоз на брашно од северниот сосед по многу пониска цена од цената на брашното добиено од домашната пченица.

Со цел да го стабилизира домашниот пазар со пченица и брашно, Владата на Република Македонија на два пати донесе интервентни мерки (Сл. весник бр. 94 од 16.7.2010 и Сл. весник бр. 106 од 04.08.2011 година), за врзан увоз за пченицата и брашно како и забрана за извоз на меркантилна пченица до месец октомври со цел да се откупи домашната пченица по повисока цена од цената на Новосадската берза која изнесуваше 180 ЕУР за тон пченица или 11 денари за килограм. Но, по истекот на оваа забрана се очекува енормен увоз на брашно од соседството со што би се дестабилизирал домашниот пазар на брашно со далеку поконкурентно увезено брашно наспроти домашното брашно добиено од откупените 80.000 тони пченица по цена од 12 до 14 денари/кг пченица.

Во изминатите години голем број млинови во земјата беа затворени неможејќи да го издржат притисокот на ефтиното српско брашно а со тоа и не ги подмирија своите обврски кон индивидуалните производители на пченица. Истовремено, најголеми увозници кои го создадоа дебалансот на домашниот пазар со брашно беа фирми со еден вработен.

Увезеното брашно е со далеку пониска цена од следните причини причини:

1. Лошиот квалитет - Производната цена на ваквото брашно е пониска додека пак декларираниот квалитет на увезеното брашно не одговара со реалниот квалитет на истото. Така на пример брашното со деклариран квалитет тип-400, реално е тип-500 или тип-600. Брашното со деклариран квалитет тип-500 е тип-600 или тип-700. При ваквата манипулација со декларираниот квалитет на увезеното брашно, прозводствената цена е далеку пониска од онаа на домашното брашно а истовремено игра голема улога во формирање на ниската цена на лебот како и неговиот квалитет.
Со цел трајно решавање на овој долгогодишен проблем, мелничарите сметаат дека е потребно во најкраток можен рок да се изготви правилник за квалитет на брашното како и негова строга примена при увозот на брашно.

2. Финансиската криза присутна кај мелничарите во соседството - со приватизацијата и високото кредитно задолжување што се случи пред неколку години во Србија, млиновите се принудени да го продаваат своето брашно по далеку пониски цени како би биле во можност да ги подмират своите обврски кон банките, добавувачите и вработените. Истовремено, во Србија може да се извезува брашно но само доколку се извадат постоечките бандероли. За таа цел потребно е да се поднесе барање во нивното министерство при што за позитивен одговор се чека 3-4 месеци. Со поставувањето на ваквите бариери фирмите лесно се откаживат од извоз на македонско брашно знаејќи дека ситуацијата на пазарот на брашно се менува секојдневно. Со ваквата нетарифна бариера Србија се штити од увозот на брашно од соседните земји.

Затоа, Групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија Ви доставува Барање за воведување дополнителни давачки при увозот на брашно. Со минимално зголемување од 3 денари по килограм преку воведување на доплонителни анализи (за квалитет, микробиолошка, радијација и сл.) на увозното брашно при влез во Р.Македонија, би се надминал диспаритетот на цената на увозното брашно, со брашното добиено од домашната пченица.

Пример: За камион од 25 тона брашно при влез во Р.М потребно е да се извршат 6 мострирања ( да се земат 6 мостри) и да се изврши микробиолошко испитување, испитување радијација итн. При што една мостра би чинела од 12 500 до 13 000 денари. Со шест мостри по овие цени може да се достигне цена од 75 000 до 78 000 денари за еден камион од 25 тона брашно со што би се покачила цената на брашното за 3 денари по килограм.

НАПОМЕНА: За цената на анализите ( микробиолошката, радијација и други параметри) за брашно потребно е да се консултира ЈЗУ Куманово, Републички завод за здравствена заштита – Скопје и други слични установи кои вршат ваков вид на испитувања. Овие установи ги добиваат мострите од граничните премини каде се извршува мострирањето.

Доколку не се преземе наведената или слична мерка, се очекува по истекот на интервентната мерка, да се увезат значителни количини брашно со што би се створиле залихи за наредните 2-3 месеци и би ги ставило домашните мелничари кои откупија домашна пченица во крајно неповолна положба.


ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОГ НА ПРАВИЛНИК ЗА КВАЛИТЕТ НА БРАШНО

Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, на состанокот одржан на 27.9.2011 година, расправаше за актуелните состојби во снабдувањето на пазарот со пченица. Притоа, присутните акцентот го ставија на очекуваниот увоз на брашно од северниот сосед по многу пониска цена од цената на брашното добиено од домашната пченица.

Во изминатите години голем број млинови во земјата беа затворени не можејќи да го издржат притисокот на евтиното брашно од Србија, а со тоа и не ги подмирија своите обврски кон индивидуалните производители на пченица. Истовремено, најголеми увозници кои го создадоа дебалансот на домашниот пазар со брашно беа фирми со еден вработен.

Основна причина за далеку пониската цена на увезеното брашно е пред се лошиот квалитет. Производната цена на ваквото брашно е пониска, додека пак декларираниот квалитет на увезеното брашно не одговара со реалниот квалитет на истото. Така, на пример, брашното со деклариран квалитет тип-400, реално е тип-500 или тип-600. Брашното со деклариран квалитет тип-500 е тип-600 или тип-700. При ваквата манипулација со декларираниот квалитет на увезеното брашно, прозводствената цена е далеку пониска од онаа на домашното брашно, а истовремено игра голема улога во формирањето на ниска цена на лебот, како и неговиот квалитет.

Со цел трајно решавање на овој долгогодишен проблем, мелничарите сметаат дека е потребно во најкраток можен рок да се изготви Правилник за квалитет на брашното, како и негова строга примена при увозот на брашно. Предлогот на Правилник доставен од Групацијата за мелничко пекарско производство при Стопанската комора на Македонија треба да ги содржи следните параметри:

Брашно Т-400
Влага до 14%
Пепел од 0,40-0,45%
Протеин мин.=12,0%
Влажен глутен мин.=28,0%
Брашно Т-500
Влага до 14%
Пепел од 0,50-0,55%
Протеин мин.-12,5%
Влажен глутен мин-30,0%
Брашно Т-850
Влага до 14%
Пепел од 0,80-0,85%
Протеин мин.-12,5%
Влажен глутен мин-29,0%

 

БАРАЊЕТО ЗА ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА ПРИ УВOЗОТ НА БРАШНО И БАРАЊЕТО ЗА ДОСЛЕДНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИНСТРУКЦИИТЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ПО ПРАВИЛНИКОТ ЗА КВАЛИТЕТ НА ПЧЕНИЧНО БРАШНО

На ден 19.12.2011 година во Сл. весник број 175 од беше донесен Правилникот за квалитет на пченично брашно од страна на директорот на Агенција за храна и ветринарство. Подоцна, беше испратена инструкција за задолжително постапување согласно одредбите на Правилникот за квалитет на пченично брашно при увоз во Република Македонија.

На почетокот од донесувањето на правилникот, увозот на брашно беше намален но подоцна, истиот драстично се зголеми. Групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора на РМ сака да укаже на неколку проблеми за кои е потребна брза интервенција од страна на надлежните институции со цел нивно позитивно решавање.

1. Брашното кое се произведува во Босна и Хрецеговина е од унгарска пченица, а се увезува во Македонија. На овој начин се врши реекспорт, кој не е дозволен, односно се увезува брашно кое се декларира како босанско иако истото не е со со босанако потекло. Босна и Херцеговина има многу мало призводство на пченица и своите потреби ги задоволува во најголем дел од увоз. Потребно е да се бара документ за потекло на брашното со цел да се увиди како Босна од дефицитарен производител на пченица извезува брашно во Македонија.
2. Според инструкциите добиени од Агенција за храна, увезеното брашно не смее да се пушта во промет додека не бидат завршени анализите од страна на здравствените установи. Додека не бидат завршени анализите, истото треба да биде складирано во регистрирани магацини согласно регистрацијата за увозници на брашно од страна на МЗШВ. Групацијата на мелничко пекарската индустрија при Стопанската комора на РМ смета дека е потребна засилена контрола на увозниците на брашно и доколку се утврдат манипулации дека брашното е пуштено во промет а притоа анализите сеуште се во постапка на изработка, истите да бидат строго санкционирани.
3. Брашното кое доаѓа од увоз е со различен квалитет и потребно е да се бараат анализи со најнов датум или анализи кој се однесуваат на таа пратка што е предмет на увоз.
4. Согласно правилникот за квалитет на пченично брашно, меѓу другите анализи се бара и анализа за генетски модифицирани организми и показателите на фаринограф, екстензограф и амилограф. Бидејќи во Македонија нема акредитирани лаборатории за ваков тип на анализи, се прифаќаат анализите од земјата извозник. Во заводот за акредитација веќе се поднесени пријави за акредитација на фаринограф, екстензограф и амолограф. Членките на групацијата бараат фирмите кој се во фаза на акредитација, да бидат овластени за анализите кои се потребни согласно правилникот. Исто така бараме, лабораторијата на МАНУ за генетски модифицирани организми која е во фаза на акредитација од 2006 год. да се овласти за испитување на генетски модифицирани организми на брашното.


Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: [email protected]