„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
- Лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност
- Обврска за задолжителна регистрација за цели на ДДВ имаат само оние даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочлив промет над 2.000.000 денари
Општата даночна стапка од 18% се применува врз целокупниот промет и увоз, а има и повластени даночни стапки од 10% и 5%.
Повластена даночна стапка од 5% се применува за:
- Основни производи за човечка исхрана;
- Вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште;
- Публикации и тоа: книги како и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги како и електронски/дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина;
- Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија;
- Ѓубрива;
- Средства за заштита на растенијата;
- Фолии од пластична маса за употреба во земјоделството;
- Земјоделска механизација;
- Лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина;
- Менструални производи;
- Машини за автоматска обработка на податоци, софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);
- Термални сончеви системи и компоненти;
- Медицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица;
- Сурово масло за производство на храна за човечка исхрана;
- Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата;
- Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток;
- Бебешки производи и тоа: креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња;
- Училишен прибор и тоа: училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор;
- Пелети, печки на пелети и котли на пелети и
- Топлинска енергија за греење.
Повластена стапка од 5% се применува и на прометот на следните услуги:
- Превоз на лица и нивниот придружен багаж; Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);
- Услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти
- Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад;
- Занаетчиски услуги (поправка на чевли, велосипеди и производи од кожа, облека, постелина за домаќинство и фризерски услуги).
Повластена даночна стапка од 10% се применува за:
- Промет и увоз на електрична енергија за домаќинствата;
- Останати производи за човечка исхтана (врз кои не се применува повластена стапка од 5%);
Закон за данокот на додадена вредност – неофицијален пречистен текст