„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]
15.05.2024
Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, ќе биде една од наградените „Најуспешни жени менаџерки“ на овогодишната манифестација организирана од агенцијата „Марили“. Настанот, традиционално по 28-ми пат, ќе се одржи на 18 мај во Скопје.
Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска е препознаена и пофалена како една од водечките жени менаџери во земјата, поради нејзиниот придонес во Комората. Во својата 22-годишна кариера, Георгиева-Јовевска извршува клучни позиции во Стопанската комора, како генерален секретар и извршен директор на Комората, и шеф на кабинет на претседателот на Комората. Преку нејзините управувачки и лидерски вештини таа успешно води бројни иницијативи на Комората што ги засили позициите на македонските компании и го зајакна коморското вмрежување.
Статуетката „Жена водилка“, покрај Георгиева-Јовевска, ќе ја добијат и уште девет менаџерки од Р.С.Македонија и три од Р.Србија и Р.Хрватска.
Целта на оваа манифестација е да ги поттикне и охрабри идните генерации, особено девојките, да се стремат кон успех во бизнисот и во животот, со фокус на знаењето, непрекинатото учење и надминување на предизвиците. Оваа иницијатива е и поттик за рамноправноста на половите и профилирање на лидерство кое ќе биде пример за идните генерации.
Во продолжение, во целост го објавуваме список со овогодишните лауреатки, според најавата на организаторите:
• Д-р Катерина Бошевска
Генерален директор, ЕОS Македонија и EOS Косово
• Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска
Генерален менаџер, Камел 98 – Виница
• М-р Евгенија Ѓорѓиеска
Извршен менаџер, Ламинати КОМ Доо – Прилеп
• Цветанка Илиева
Генерален менаџер, Бистро Груп ДОО – Гевгелија
• М-р Ирена Јакимова
Генерален менаџер,Инспирит Коучинг- Скопје
• Д-р Јелисавета Георгиева – Јовевска
Потпретседател на СКСМ, Стопанска комора на С. Македонија
• M- р Клаудија Лутовска
Генерален менаџер, Сеттим Консалтинг – Битола
• Марија Патриклиска
Менаџер за човечки ресурси, ЕАМ ДОО – Штип
• М-р Маја Наумовска – Савеска
Директор на корпоративни и маркетинг комуникации, Халкбанк АД – Скопје
• М-р Весна Ставрова
Генерален менаџер, ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје
• Д-р Сања Путица
Менаџер за односи со јавност и инвеститор, Атлантска пловидба д.д – Р. Хрватска
• М-р Дариа Шуриќ
Генерален менаџер, DarMell – Р.Хрватска
• М-р Зорана Пејчиќ
Генерален менаџер и Претседател на ИО, ДУНАВ РЕ (Дунав Реосигурување) , Р.Србија