„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 [email protected]

Закони и прописи

Предлог закон за вработените во јавниот сектор

30.07.2024

Цели на предлог законот:

Основни цели на новиот Закон за вработените во јавниот сектор се:

·        зголемување на ефикасноста и ефективноста на постапките за управување со човечките ресурси;

·        јасна регулација на мерит постапка за вработување со избор на најдобриот кандидат;

·        поедноставување на постапката за донесување на актите за внатрешна организација и актите за систематизација на работни места;

·        поедноставување на постапката за годишните планови за вработување;

·        воведување на унапреден концепт за планирање и следење на вработувањата;

·        унапредување на правата и обврските на вработените во јавниот сектор;

·        унапредување на постапките на мобилност и

·        унапредување на инспекцискиот надзор/ разграничување на надзорот над примената на одредбите од овој закон.